Македонија
Андоновски: Дали Арсовска намерно поништува јавни набавки за важни проекти во Град Скопје?
„Оваа година според јавно достапни информации поништени се 31 тендер во рамки на Град Скопје и уште 13 во 2021 година кога доаѓа новата администрација во Скопје, и затоа што градоначалничката експлозивно разрешуваше директори заради јавни набавки кои видовме според ЕИБ дека биле согласно правилата и стратегијата за набавки и правени со консултации на банката, прашање е зошто се случуваат овие поништувања од кои дел се за следните проекти во програмата“, прашува советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје – Стефан Андоновски.
Андоновски истакна дека дел од тие проекти се клучка на булевар Словенија со булевар Никола Карев, проект за набавка во делот на противпожарната единица на Град Скопје, набавка на униформи, кружен тек на влез во Сарај, како и проекти за изградба на улици во Бутел и Карпош.
„Дали сте свесни дека со поништување на овие постапки се случува блокада на Град Скопје. Сомнежот е дека намерно се поништуваат затоа што се сакате со промена на комисиите да се влијае во работата на истите, односно во избор на најдобар понудувач“ – рече Андоновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

