Македонија
Жителите на Автокоманда сакаат да се воведе зонско паркирање

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својата официјална страница на Фејсбук ги објави резултатите од теренската анкета:
„Жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување зонско паркирање.
Изминатиот период од страна на општина Гази Баба се реализираше теренска анкета за испитување на јавното мислење на жителите на населба Автокоманда за воведување зонско паркирање.
За време на теренската анкета се изврши посета на секое домаќинство во населбата по што од резултатите може да се утврди дека жителите на Автокоманда даваат поддршка за воведување зонско паркирање.
Резултатите од анкетата се:
951 испитано домаќинство
632 се изјасниле ЗА
266 се изјасниле ПРОТИВ
53 одбиле да одговорат
Мислењето на граѓаните е она кое не води во носењето на одлуките“ – напиша Стефковски на ФБ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Несреќа на патниот правец Берово – Виница, сообраќајот е во прекин

АМСМ извести дека се случила сообраќајна незгода на патниот правец Берово – Виница, кај село Будинарци.
Порад незгодата од 07:30 часот сообраќајот е во прекин, додаде АМСМ.
Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.