Македонија
Анкета на ИПИС: Ако утре има избори најголем број гласови би добиле ВМРО-ДПМНЕ, 18,3 отсто не би гласале за никого
Во анкетата на Институтот за политички истражувања, на прашањето доколку следната недела има избори, 20 отсто од гласачите одговориле дека би се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, 12,9 отсто би го поддржале СДСМ, а 6,5 отсто гласот би го дале за ДУИ.
За Алијанса за Албанците би гласале 2,6 отсто, Левица 3,3, 2,3 отсто за БЕСА и 1,4 отсто за Алтернатива.
За ниту една партија не би гласале 18,3 проценти од испитаниците, не сакале да кажат 14,6, а одговор немале 14,7 отсто
На прашањето во кој политичар имаат најголема доверба, 13,5 отсто од анкетираните се определиле за Христијан Мицкоски, 5 отсто за Димитар Ковачевски, 2,8 отсто за Стево Пендаровски,1,5 отсто за Зоран Заев, а 6,6 проценти за Али Ахмети. 1,1% е поддршката за Зијадин Села, 3% на Димитар Апасиев, 2,2 отсто во Билал Касами, 1,3 отсто на Африм Гаши, 3,7% на Максим Димитриевски, а 2,3 отсто за Никола Груевски. Голем процент од анкетираните – 39,7 отсто одговориле дека немаат доверба во ниту еден политичар, не знаеле да одговорат 12,1% отсто, а 3,4 проценти се изјасниле за друг.
Анкетата е реализирана во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1 112 полнолетни испитаници на ниво на Македонија, пренесуваат повеќе медиуми.
За договорот со „Бехтел и Енка“ 45,1 отсто рекле дека се против договорот, 24,8 го поддржуваат, а 30,1 отсто не одговориле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ утре на Конгрес ќе избира ново раководство
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе го одржи 30. партиски Конгрес, на којшто ќе биде избрано новото партиско раководство.
Од опозициската партија известија дека Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата и ќе биде избрано новото раководство, однсно членовите на највисиките тела во СДСМ – Централниот и Надзорниот одбор.
На почетокот, ќе има обраќање на Венко Филипче, кој пред пет месеци ја презема претседателската функција од неговиот претходник, Димитар Ковачевски по големиот пораз што го претрпе партијата на парламентарните и претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ контра Кузеска: Оваа Влада вложува во модернизација, претходната потроши 5 милиони евра на службени возила
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која што вложува во модернизација, професионализација и осовременување на условите за работа во македонските институции, СДС и ДУИ во своето владеење за службени возила потрошиле повеќе од пет милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката од СДСМ, Богданка Кузеска.
„Очигледно на функционерите од СДС изминатите седум години на власт, најважна им била сопствената комоција, а не и реалните проблеми на обичните луѓе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека во буџетот за 2025 година предвидено е зголемување на средствата за модернизација на МВР, одбраната, здравството, земјоделието, односно предвидени се зголемени средства за набавка на опрема во сите институции.
Кузеска претходно денес на прес-конференција обвини дека власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и скапи автомобили за функционерите.
Македонија
Мицевски: Владата има зголемен буџет за реформи во МВР
На денешната Комисија за финансии и буџет, на амaндманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски кој посочи дека Владата има планирано доволна сума во буџетот за реформи во полицијата, во делот на јавната безбедност и во секторот за внатрешни работи и поради тоа амандманот се одбива.
„Оваа влада има предвидено пари за инвестиции во МВР. Ако погледнете добро, за реформи во полицијата има предвидено зголемување од 238 % во однос на 2024 година, во делот за јавна безбедност зголемување од 14%, во секторот за внатрешни работи зголемување од 58%, во центарот за обука само зголемување од 61% во однос на 2024 годин. Конкретно за опрема и машини повеќе една милијарда денари, а не како што вие барате во амандманот 10 милиони денари, така да десет пати повеќе имаме планирано“, изјави Мицевски.
Тој исто така истакна дека Спасовски додека бил на функција не направил ништо добро за државата, туку баш во тој период имало највисока стапка на криминал и корупција и многу неразрешени случаи.
Во однос на тоа, Мицевски образложи дека апсурдно е покрај сите овие работи, Спасовски да кажува како треба да биде во иднина, а државата е вратена сто години наназад токму поради претходната власт.
„Нели е смешно и срамота, осум години бевте министер за внатрешни работи, сега да кажувате што треба да се смени и што треба да се инвестира. Од друга страна, сакам да ве потсетам што направивте вие за изминативе осум години како што сте министер, дел технички дел министерство МВР? Највеќе криминални пресметки и убиства и нерешени случаеви во историјата на Република Македонија, ниту еден фатен ниту еден ставен во затвор, дадени еден тон пасоши на белосветски криминалци кои шетаа како бизнисмени во Македонија. Во ваше време рекордни шверцувани опојни дроги, ваши најблиски соработници со службени коли фамилијарно одеа по одмори, ваши соработници началници сега се избркани од МВР затоа што давале тајни на криминални групи“, рече Мицевски.