Македонија
Анкета на „Макфакс“: 83,7 проценти од испитаниците би се иселиле од државата
Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Дали би се иселиле од државата“ во траење од 24 часа, односно во периодот од 9 април до 10 април напладне, а спроведена на 15 веб-страници.
Најголем дел од испитаниците, или 71,3 отсто одговориле дека доколку се во можност, би ја напуштиле државата, и тоа засекогаш.
12,4 отсто проценти би заминале од државата, но тоа би било само привремено, односно би се вратиле назад.
11 отсто од испитаниците се изјасниле дека никогаш не би ја напуштиле државава, а 5,3 проценти дека не размислувале досега за ова прашање.

Додека траеше анкетата, гласале, односно одговориле на прашањето, вкупно 9.051 испитаник, од кои повеќето се мажи, 61,2 отсто, а жени биле 38,8 проценти.
Повеќето од учесниците во анкетата се на возраст од 25 до 34 години, односно дури 40 проценти. Од 35 до 44 години се втората најголема група што учествувала во анкетата, односно 31,5 отсто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Tримесечна специјализирана обука: Лекарската комора го условува продолжувањето на лиценцата на д-р Кузмановски
Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора го разгледала поднесеното барање за продолжување на лиценцата за работа на докторот Кузмановски, постапувајќи, како што информираат од таму, со најголема сериозност и одговорност.
„Како резултат на констатираните наводи и за да се гарантира заштитата на пациентите и интегритетот на лекарската професија, Комората, покрај законски утврдените услови, донесе одлука за преземање на дополнителни мерки. Имено, беше одлучено дека д-р Кузмановски, за да може неговото барање да биде одобрено, мора да помине тримесечна специјализирана обука под директно водство на ментор. По завршувањето на обуката, докторот ќе подлежи на испит за детална проверка на стручните знаења и способности.
Имајќи во предвид дека Законот за здравствена заштита прецизно ги утврдува условите за издавање, обновување, продолжување и одземање на лиценците за работа, а во моментов не постои судска пресуда или друг правен акт кој би условил одбивање на барањето за одземање на лиценцата, Комората ја користи законската можност да наметне засилен механизам на контрола и едукација“.
Паралелно со ова, како што велат, во Комората тече и сеопфатна процедура поврзана со неговото етичко однесување како доктор.
Комората, додаваат од таму, даде јавна и остра морална осуда за однесувањето на докторот, јасно ставајќи до знаење дека со своето однесување тој ги крши етичките принципи и го нарушува интегритетот и угледот на лекарската професија.
„За да се донесе конечна, издржана и најправедна одлука, Комората ги очекува извештаите на комисиите формирани од Министерството за здравство и Универзитетската клиника за неврологија, кои треба да дадат поширока претстава за професионалниот лик и стручната способност на докторот во целина. Конечната одлука на Комората ќе биде донесена по темелна анализа на сите прибрани докази и извештаи“.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во прекин
Денеска од 12.02 часот на магистралниот пат Македонска Каменица – Делчево, поради случена сообраќајна несреќа, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Каде скопските градоначалници го одлагаат собраниот отпад, прашуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварот Партизански одреди, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони комунален отпад, соопштија од претпријатието.
Досега како што информираат од таму, немаат добиено одговор од страна на градоначалниците на скопските општини каде го одлагаат отпадот од наводните активности за собирање на комуналниот отпад што тврдат дека ги спроведуваат во рамките на своите општини.
„ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на денешниот ден не забележа дека е подигнат отпад од страна на општинските комунални претпријатија во ниту една скопска општина. Се прашуваме дали навистина и на кои локации се одвиваат овие активности“, прашуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје

