Македонија
Анкета на „Макфакс“: 67,7 отсто од граѓаните сметаат дека метлата на Заев нема да потфати никого

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Кого ќе потфати метлата на Заев?“ во траење од 24 часа спроведена на 15 веб-страници.
Повеќето од испитаниците, односно 67,7 отсто, одговориле „никого“, а 11,3 отсто одговориле „министрите“. 11,1 отсто сметаат дека директорите се оние што ќе бидат разрешени, а според 9,9 отсто од испитаниците, внатрепартиските функционери во општинските организации ќе бидат цел на премиерот Зоран Заев по претседателските избори.
На анкетата гласале 3.887 граѓани, од кои 69,71 отсто мажи и 30,29 отсто жени. Во однос на возраста најзастапени во анкетата се оние од 25 до 34 години, односно 36,78 отсто, а 34,24 отсто од избраниците се на возраст од 35 до 44 години.
Анкетата почна на 24.4.2019 во 12 часот и траеше 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Аеродром и Студеничани денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов крак – 5, општина Аеродром;
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на потегот од Китка кон Солунска Глава, вклучувајќи ги и викендиците на Китка и местата: Алдинци, Преслап, Палиград и Караџица, општина Студеничани.
Македонија
Променливо облачно и топло со сончеви периоди, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со умерен југозападен ветер. Под влијание на нов влажен бран во деновите од викендот ќе има врнежи од дожд, локално во форма на невреме со пообилен дожд (над 30л/м2), проследен со грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Tрајко Славески е предлогот на Сиљановска-Давкова за гувернер на Народна банка

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка.
Од нејзиниот кабинет велат дека при носењето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
Се додава и дека изборот бил тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати.
Трајко Славески е актуелен претседавач со Советот на Град Скопје.