Македонија
Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“
На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, заедно со членот на президиумот на партијата, Александар Симонов, се во официјална посета на Руската Федерација по повод 9 мај – Денот на победата над фашизмот.
Апасиев одржа говор во Паркот на победата во Москва, каде што истакна дека Левицата се бори против историскиот ревизионизам и ги брани вредностите на антифашистичката борба.
„Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз против заедничкиот непријател. Во борбата против фашизмот бевме обединети и таа солидарност е основа на нашата историска поврзаност, која сме должни да ја зачуваме.
Во контекст на современата меѓународна нестабилност, особено е важно да се зачува историската вистина и да се спротивставиме на обидите за историски ревизионизам. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина на идните генерации, да го зајакнеме мирот заснован на почит, еднаквост и солидарност меѓу народите“, рече Апасиев.
Во рамките на посетата, претседателот на Левицата, Апасиев, и Симонов ќе остварат средба со пратеници на КПРФ во државната Дума на Руската Федерација.
Посетата ќе трае до сабота, а утре ќе присуствуваат на главната воена парада во Москва по повод одбележувањето на Денот на победата над фашизмот.
За посетата на Москва, Апасиев претходно објави на социјалните мрежи споделувајќи ја поканата.
„Некој од задњи ред кај Трамп, некој со официјална покана за воената парада на Црвениот плоштад“, напиша Апасиев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

