Македонија
Апасиев: Широката коалиција СДС – ДПМНЕ го зголеми прагот за независни листи
„На итна собраниска седница, широката коалиција СДС-ДПМНЕ-ДУИ го измени Изборниот законик. Па така, наместо досегашните 1.000 потписи за градоначалник или советничка листа во Град Скопје, сега ќе треба да соберете над 4.600!“, напиша на социјалните мрежи, претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев.
„Демократски, нема што“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Над 10.000 посетители на Два Бона и Пајак на Културно Лето Кисела Вода
Преку 10 000 посетители имаше синоќа во паркот Расадник на втората фестивалска вечер од Културнoто Лето на Општина Кисела Вода. Пајак и Два Бона одржаа концерти кои долго ќе се раскажуваат.
Покрај нивните хитови кои се пееја цела вечер во еден глас, тие на сцената настапија и заедно, со нивната нова заедничкa песна “Алиби”. Аплаузи, пеење, сликање со идолите, огномет и многу забава и среќа се запишани на страницата на Општина Кисела Вода од овој четврток. Добрата забава продолжува и во следните денови.
Вечерва, петок од 20 30, на истата локација, во Расадник, настапуваат гости од Србија- Ѓорѓе Давид, Бресквица и Ивана Петерс на кои музички ќе им се придружи и Андријана Петрушовска.
-Повеќе од 10.000 среќни лица вечерва беа сведоци на најдобрата забава во Скопје! Ви благодарам на сите кои со своето присуство додадовте парче во мозаикот на нашата Кисела Вода. Благодарарам на главните ,,виновници” за најдобрата журка во градот, Пајак и 2 Бона кои оваа вечер ја направија за паметење и ги сплотија младите во нашата општина, па и градот Скопје. Ова, ќе се прераскажува! Кисела Вода испишува историја. Се гледаме утре, во истото време со мега популарниот рокер Ѓорѓе Давид, Бресквица и нашата Андријана Петрушовска-изјави градоналалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. UV=7
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и потопло, а повторно дестабилизирање се очекува од вторник.
Македонија
Возачот не е повреден а заглавениот камион е извлечен, соопшти ЦУК
Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, информира ЦУК откако претходно беше објавено дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала“, велат надлежните.