Македонија
Апел за помош на малиот Лука, кој боледува од тумор на очите
Малиот Лука веќе една и пол година се лекува во Истанбул, Турција, борејќи се против ретката болест што ги напаѓа очите – Retinoblastom или тумор на очите. Семејството бара помош за да може да продолжи лекувањето на Лука.
Семејството веќе не е во можност да го продолжи лекувањето, кое чини 50.400 долари и апелира за помош.
„Борбата мора да продолжи за да се спаси неговото лево око, надежно вклучувајќи го и видот на ова око, како и за да се држат под контрола текот на болеста и здравствената состојба на нашиот херој. Тој има примено 3 хемотерапии, 5 ладни ласери и една операција. По втората хемотерапија, го изгуби видот, а по едногодишна борба, го загуби и десното око, кое мораше да биде отстрането со цел да се спречи ширење на болеста на другите органи. Ве молиме, доколку сте во можност, да ни помогнете со парични средства наменети за да го продолжиме лекувањето“, вели семејството на Лука.
За донации е отворена жиро-сметка со број 380176980603113, Прокредит банка – Игор Јовановски.
Може да се донира и на донациските броеви на ВИП – 143 479 и на „Т-мобиле“ 070 143 106
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

