Македонија
Арсовска: Ветинг за директорите на јавните претпријатија
Град Скопје почна постапка на (проверка) ветинг за поставените директори на јавни претпријатија, нагласи скопската градоначалничка Данела Арсовска.
„Ќе има нулта толеранција за корупцијата. Ова е системска мерка за елиминирање на можностите за корупција во рамките на Градот и спречување на каков било судир на интереси. Денеска, овој процес почна со директорите на јавните претпријатија, а ќе продолжи со раководителите на секторите“, посочи градоначалничката.
Секој од директорите веќе пополнил анкетен лист до државната Комисија за спречување на корупцијата и потпишал изјавата за непостоење судир на интереси во нивната работа.
Според Арсовска, овој процес ќе биде пракса за секое лице што аплицира за позиција или унапредување.
„Град Скопје на овој начин почна активно да работи на подобрување на интегритетот на локалната самоуправа. Ова е строг процес на проверка за да се утврди соодветноста за вработување или унапредување на работната позиција“, додава градоначалничката, на која спроведувањето на процесот на ветинг ѝ беше едно од предизборните ветувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.