Македонија
Арсовска во Чаир: Чаршијата ќе стане култно место, извор на соживотот во Скопје
Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, истакна дека еден од приоритетните проекти од нејзината програма за Чаир и Скопје е Старата чаршија, која, како што рече, мора да стане култно место за градот велејќи дека со тоа ќе се врати соживотот во Скопје.
„Ние мораме да ги вратиме луѓето во Чаршијата. Да стане култно место. Од исклучителна важност е да ги заживееме Чаршијата и занаетите, да ја зголемиме нејзината туристичко-економска понуда и да ја направиме уште еднаш сврталиште на сите скопјани. Градот ќе посвети дополителна грижа, во рамките на своите надлежности, на зачувување и популаризација на Куршумли ан, Капан Аан, Сули ан, Чифте амам, Даутпашиниот амам и Безистенот. Ќе работиме и на целосно соодветно осветление на Чаршијата, поддршка и промоција на старите занаети, олеснување на пристапот до Чаршијата и нејзина популаризација. Ќе дадеме и поддршка за организирање голем број културни настани на просторот на Старата чаршија. Тука повторно ќе го оживееме соживотот во Скопје“, порача таа вечерва пред граѓаните на општина Чаир.
Посочи дека врвен фокус ќе бидат и проширувањето и реконструкцијата на една од главните артерии на градот, булеварот Цветан Димов.
„Оној ист булевар што го ветија и го заборавија ќе го опремиме со уште по една дополнителна лента, како и надвозник од мостот ‘Бит-пазар’ до ‘Христијан Тодоровски – Карпош’. Оваа делница ќе претставува ефикасен и брз конектор на општините Чаир, Бутел и Центар“, истакна Арсовска.
Во соработка со општинската власт вети и нови катни гаражи и паркиралишта кај „Чаирчанка“, амбулантата во Чаир и Топанско Поле.
„Ќе проектираме и нов крак на улицата Боца Иванова од кружниот тек до булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, ќе ја прошириме ‘Македонско-косовска бригада’ и ќе обезбедиме брз и лесен превоз на сите граѓани. Но, нема да ги заборавиме и новите велосипедски патеки, кои ќе го поврзат Чаир со Центар и Бутел“, изјави кандидатката за градоначалник на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

