Македонија
Арсовска: Градските служби треба да го поттикнат развојот на локалните бизниси
Како човек што 20 години е дел од бизнис-секторот, знам точно со што се соочувате и каде е потребно да се влијае за да се овозможи одржливост и раст на локалните бизниси, истакна кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, на денешната средба со Неби Хоџа, претседател, и Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Арсовска додаде дека градските служби треба да бидат во функција на бизнисите, исто како што градоначалникот може и треба да се вклучи во поттикнување и обезбедување клима и услови за работа и развој.
„Работењето заедно и меѓусебната помош неминовно ќе доведат до севкупен економски развој. Општината е должна како на граѓаните така и на бизнисите да им обезбеди брзи и транспарентни служби, некорумпирана администрација, функционална инфраструктура, нешто што во целиот овој период недостига и е сериозен проблем и пречка за компаниите, а тоа го знам од секојдневното искуство и од реакциите на многу наши членки“, истакна Арсовска на состанокот.
Претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија посочија дека меѓусебното разбирање и поддршката на бизнис-заедницата ќе доведе до континуиран раст на компаниите, што е заедничка цел.
Пред Арсовска тие ја претставија платформата за локален економски развој, каде што се наведени точки на кои е потребно да се работи, со цел да се создадат услови за непречена работа и развој на бизнис-заедницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Долно Соње, од продавнивницата кон село Чифлик, општина Сопиште.
Македонија
Поради врнежи од снег забранет сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, извести АМСМ.
Поради протест на грчките земјоделци, од денес (08.01.2026) со почеток во 10:00 часот на ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила во наредните 48 часа заклучно со 10.01.2026 во 10:00 часот. Сообраќајот за патнички моторни возила ќе се одвива со нормален тек.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по влажни коловози.
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Продор на постуден воздух, температурите ќе бидат во опаѓање
Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 0 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер денеска врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурата ќе биде во опаѓање.

