Македонија
Арсовска: Институциите да реализираат мерки за подобар квалитет на воздухот
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите дискутираше за препораките и мерките кои ги реализира Градот Скопје во насока на намалување на загадениот воздух. Таа потенцираше дека сите институции, на централно и на локално ниво, треба да реализираат мерки кои се во нивна надлежност со цел истите да имаат вистински ефект.
„Самите услови налагаат дека централната власт треба посериозно да преземе мерки врзани за она коешто го гледаме сега, а коешто е извесен аларм. Ние нашите препораки ги издадовме, нашите препораки се базираат на тоа коешто е утврдено претходно како план, меѓутоа за дел од нив обврски има и централната власт. Ние не можеме да спречиме влез на возила, односно да ги пренасочуваме. Ние не можеме голем дел од работите коишто се внатре во препораките да ги направиме, тоа е обврска на централната власт и таа треба тоа да го направи, треба да ја преземе конечно одговорната за тоа што е носител на власт”, изјави градоначалничката Арсовска.
Таа се осврна на дел од мерките кои градскиот инспекторат ќе го спроведува во наредниот период, како што се засилените активности на терен на комуналните инспектори, како и вонредните инспекции на индустриските капацитети чија контрола е во надлежност на Град Скопје.
„Ние не спроведуваме само препораки, имаме луѓе на терен кои постојано ги контролираат индустриските капацитети, кои вршат вонредни инспекциски надзори и контроли, а во наредните два месеца ќе имаме повеќе надзори отколку во изминативе неколку години наназад. Изминативе две години направени се само 5 надзори за животна средина. Во овој момент, постојано контролираат инспекциските служби и се изрекуваат глоби, за фрлање отпад и градежен шут, за горење отпад… Службите се постојано на терен и се она што може Градот Скопје да го направи ќе го направи и го прави”, додаде Арсовска.
Таа се осврна и на преостанатите мерки кои се реализираат изминатиов период, а имаат големо влијание на животната средина и квалитетот на воздухот во Скопје.
„Со цел да се влијае на квалитетот на воздухот мора да се имплементира сеопфатен сет на мерки, нешто што комплементарно ќе се надополнува, со цел да се лимитираат сите извори на загадувањето. Ние ќе реализираме сет на мерки, сè што е во наша надлежност ќе направиме. Изминатиов период исчистивме 120 диви
депонии кои до вчера се палеа и го загадуваа воздухот, а сега повеќе не постојат. Истите се оградени, затворени, ниту може некој да фрла таму, ниту може отпадот да го пали”, кажа Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

