Контакт

Македонија

Арсовска од Чаир: Скопје ќе биде град на соживот, соработка и солидарност

Објавено пред

Град на соживотот, соработката и солидарност. Град на сите негови жители. Скопје ќе стане град кој нема да ги заборави своите населби и населени места. Го испланиравме и ќе го изградиме новиот сообраќаен коридор Мавровка, кој ќе стане архитектонска гордост за решавање на метежот во сообраќајот. Мој приоритет е да го уредиме кејот на реката Серава со спортско-рекреативни содржини. Да го направиме овој дел да биде новото зелено катче во Скопје. Ќе ги ревитализираме парковите во Чаир. Планираме проширување и реконструкција на една од главните артерии на градот – булеварот Цветан Димов. Иако се работи за комплексен проект, мојата визија е овој булевар да го опремиме со уште по една дополнителна лента, како и надвозник од мостот Бит-пазар до Христијан Тодоровски Карпош, истакна кандидатката за градоначалник на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива, Данела Арсовска, на вечерашната средба со граѓани во Топанско Поле, општина Чаир.

dobivaj vesti na viber

Арсовска во нејзиното обраќање порача дека имаат план и програма за сите населени места со ургентни приоритети со кои ќе се решат клучните проблеми на граѓаните од населбите во делот на инфраструктура, водовод, канализација, паркови и места за рекреација, дополнувајќи дека Чаир е прекрасна општина и го чува духот на она подзаборавено Скопје.

Сепак, според Арсовска во последните години Чаир е очигледно заборавена општина од градот Скопје, а единствено што покажа актуелната градска власт е дека тие се најлошото за градот и нивниот приоритет е да ги поделат обичните граѓани, за да можат тие сложно да лажат и крадат.

– Имаше ветување за клучниот проект за регулирање на сообраќајот кај Јаја Паша. Ништо од тоа, поставија само некои бетонски огради кои ги омаловажуваат и разделуваат луѓето. Требаше да се реши и крстосницата Мавровка, ви ја ветија пред четири години, но ништо од тоа. Останаа само празни ветувања. Градоначалникот во заминување за чаирчани вети монтажни паркинзи „Чаирчанка“ и „Џон Кенеди“, не ги направија и тие. Со неговите импровизации денес Чаир има повеќе сообраќаен хаос од  кога било. Овој градоначалник ветуваше и зелен коридор на реката Серава и Лепенец, за поврзување на сите овие општини. Денес тоа е запуштено и заборавено место, налик на депонија. Ви вети и водоводна и канализациска мрежа до секое населено место во Чаир. Денес гледаме дека и тоа е лага, сè уште во Чаир има места кои се гушат во кал и немаат чиста вода за пиење. Посетив многу такви населби овде, кон Гази Баба, кон Топаана. Жално е луѓето во 21 век да живеат така како што живеат во Чаир, потенцираше таа.

Арсовска пред чаирчани порача до актуелната власт дека граѓаните брзо и сигурно ќе му кажат крај на криминалот, неработењето, корупцијата и непотизмот, а скопјани очекуваат одговори на нивните прашања, на што се потрошени нивните народни пари сите овие четири години.

– Она што им е нејасно на скопјани е каде се потрошија 4 зголемени буџети на градот? Кој ги присвои овие пари? Кој потроши 4 години од нашите животи и од животот на Скопје, за денес повторно да ја бара довербата со истите ветувања, со истите лаги? Овие големи ветувања се и големи разочарувања. Но, нивното време завршува на 17  октомври. Ќе ставиме крај на нереализираните ветувања, кои се заменуваат со макети и 3Д слики. Скопје нема да дозволи некој уште 4 години да му ја краде иднината, рече таа.

Арсовска се сретна и разговараше и со жителите од општина Бутел, кои ги споделија нивните потреби и барања за унапредување на квалитетот на животот во ова населено место, но и генерално како да се подобри и како заеднички да креираат град со кој сите ќе се гордеат дека живеат во него.

Подобрување на инфраструктурата, решавање на проблемот со водоснабдувањето и фекалната канализација и рамномерно вложување во сите општини и населени места подеднакво се клучните приоритети и недостатоци за кои побараа итно решавање.

– Повеќе нема да има заборавени населби. Скопје денес има населени места кои беа целосно заборавени од градските власти во овие четири години, а живеат во супстандардни услови, како што се Љуботен, Љубанци, Радишани и сите останати општини не само во општина Бутел, туку и генерално во градот. Ќе почнеме со решавање на проблемите уште од првиот ден. Јас сум човек што доаѓа од народот и ќе работам на исполнување на барањата токму на народот и заедно со нив да го направиме Скопје подобро место за живеење. Токму тоа е мојот врвен приоритет, порача Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Скопје на средбата со граѓани во Бутел.

Арсовска дополнително се осврна и зборуваше за потребата скопјани и бутелчани да живеат во убав град и средени населени места, а покрај обезбедување основни услови за живот, ќе овозможат гасификација на домаќинствата и инвестирање во нови сообраќајни решенија.

– Доколку сакаме модерен и европски град, со чиста и здрава животна средина тогаш предуслов е на граѓаните да им овозможиме гасификација за секое домаќинство со субвенционирање на приклучокот за истиот, а дополнително за овој дел од Скопје ќе овозможиме внатрешна обиколница која ќе ги поврзува Гази Баба и Бутел со останатите населби. Тоа е новиот булевар „Хрватска“,што исто така беше ветен, но не беше реализиран од актуелниот градоначалник во заминување, а ние ќе го направиме, рече Арсовска.

Македонија

Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба, најави Мицкоски

Објавено пред

Од

Премиерот, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што се случува со спортската сала во Расадник, до каде е реконструкцијата, бидејќи долго време беше запуштена, изјави:

dobivaj vesti na viber

„Да благодарам, мислам дека е при крај. Мислам дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како што и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Кажа и министерката колку сѐ сали се прават. Знам дека уште три во Скопје имаме, имаме во Крушево и така натаму, сега да не навлегуваме во детали. Зборуваме за десетици нови објекти кои што се прават. Дали е тоа доволно, не е. Запуштено било долго време ништо не се правело. Дали треба уште? Да треба, и ќе правиме уште вакви проекти, бидејќи реков, најмладите, децата ни се најважни и тие ни се приоритет како Влада.“

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Објавено пред

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“.

dobivaj vesti na viber

„Струмица денес“  во текот на вчерашниот ден објави дека земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да спасат она што може да се спаси. На терен се повеќе багери кои помагаат.

Поради обилните врнежи од дожд, на подрачјето на Општина Струмица беа регистрирани нагли зголемувања на водостоите и излевања од коритата, што предизвика поплави на повеќе локации.

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, информира дека ги посетил најкритичните точки на терен, меѓу кои и селото Муртино, како и други локации каде состојбата била најизразена.

Според неговите информации, уште од утринските часови механизацијата на ЈП Комуналец била ангажирана на терен, а во интервенциите била вклучена и дополнителна механизација од приватниот сектор.

Од општината додаваат дека се одржува постојан контакт со жителите на погодените подрачја и дека состојбата ќе продолжи будно да се следи, имајќи предвид дека, според најавите, дожд се очекува и во наредните часови и денови.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Објавено пред

Од

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините под контрола на ВМРО. Дури 51 тендер во вредност од 16 милиони евра добила оваа фирма од општините на ВМРО, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека преку дигиталната платформа МИЦКО.мк откриле и дека нејзиниот сопственик бил член на Избирачки одбор токму од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми, кои добиваат милионски договори од институции под контрола на власта. АКТ откри и дека сопругата на газдата на Пирамид билдинг солушнс, Оливера Доновска, има фирма со Филип Гулевски, кој пак со друга фирма добива тендер за проектирање и изведба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром. Вредност од 1,1 милион евра од министерството за спорт“, рече Димитријевиќ.

Тој кажа дека денеска откриваат нова бомба односно дека оваа пирамидална мрежа на тендери и фирми води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Владимир Нелоски.

„Оливера Доновска, сопругата на газдата на Пирамид билдинг солушнс, Петар Доновски, е сопственичка и управителка и на трговската фирма со облека ТРГО СТРОЈ ДОО Скопје, основана 2019 година. По доаѓањето на власт на ВМРО, или точно на 11.04.2025 година, како содружник во фирмата ѝ се приклучува Јовица Нелоски. Кој е Јовица Нелоски? Татко на Владимир Нелоски, шеф на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Дали сега е јасно? Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма. А како што покажавме имаат и тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општини, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.“, рече тој.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

(Видео) Поплави во Струмичко: реката однесе повеќе од 100 јагниња и овци од штала во Костурино, поплавени и земјоделски површини

Надојдената вода од реката Тркања вчера однесе повеќе 100 јагниња и овци во селото Костурино, на локацијата позната како „Шепово“....

Македонија29 минути

(Видео) Димитријевиќ: Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма

Антикорупцискиот тим на СДСМ објави повеќе бомби, факти и докази за фирмата „Пирамид билдинг солушнс“, фаворит за тендери во општините...

Македонија35 минути

Левица ќе гласа против новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, обвинува за партизација

На утрешната пленарна седница, при гласањето за составот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, пратеничката група на Левица...

Македонија1 час

(Видео) Камионџиите ја проширија блокадата на граничните премини, заострените шенгенски правила го блокираа товарниот сообраќај на Балканот

Возачите на камиони од  Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес продолжија со блокадите на граничните премини за...

Македонија1 час

Просечната плата во здравството е 50.327 денари, од март ФЗОМ најави ново покачување

Просечната нето плата во здравството, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година изнесува 50.327 денари, просечната плата...

Македонија2 часа

Лани подигнати 22.000 кубни метри отпад од диви депонии, Комунална апелира поскоро да стапи во сила Законот за формирање на комунална полиција

Во текот на 2025 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнале и транспортирале вкупно 21995 кубни метри отпад од стотици...

Европа4 часа

Америка ѝ нуди на Украина гаранции и оружје, но бара многу болни отстапки кон Русите

Администрацијата на Доналд Трамп ѝ соопшти на Украина дека безбедносните гаранции на САД се условени од тоа Киев да се...

Свет5 часа

(Видео) Зимската бура ги парализираше САД, стотици илјади без струја, најмалку 30 мртви

Силна зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави донесе нови снежни врнежи на североисток, додека југот е замрзнат, оставајќи...

Свет6 часа

Трамп: Иран сака договор

Доналд Трамп рече дека Иран сака да склучи договор, бидејќи американски носач на авиони и придружна борбена група пристигнаа на...

Свет6 часа

Британскиот премиер оди во Кина: „Нема да бирам меѓу две страни“

Премиерот Сер Кир Стармер изјави дека нема да биде принуден да „избира помеѓу“ својот однос со САД и со Кина,...

Европа6 часа

Францускиот парламент ја поддржа забраната за социјалните медиуми за лица под 15 години

Националното собрание на Франција во понеделник го поддржа законот со кој се забранува користењето на социјалните медиуми од страна на...

Регион6 часа

Црна Гора го затвори 13-то поглавје од преговорите со ЕУ

Црна Гора го затвори преговарачкото поглавје 32 – Финансиски надзор вчера, на Меѓувладината конференција меѓу Црна Гора и Европската Унија...

Македонија17 часа

Дрога чувана под шанк во кафеана: четири лица под истрага за илегална препродажба на марихуана и хашиш во Валандовско

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничен кој во временскиот период од октомври 2025 година...

Македонија21 час

Во „Пулс“ влегол со билет за кој не добил фискална, никој не му побарал лична карта, а од стампедото го спасил обезбедувачот Столе, сведочеше Иван Данаилов

Дваесетипетгодишниот Иван Данаилов, гостин во „Пулс“ вечерта кога се случи пожарот, на денешното судење сведочеше дека во клубот влегол со...

Македонија21 час

МВР ги објави казните за „Безбеден град“: што ќе се санкционира и колку ќе плаќаат возачите кои ќе направат прекршок

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните...

Македонија21 час

Николоски предлага три решенија за проблемот со шенгенските правила за превозниците

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на граничниот премин Блаце им даде поддршка на домашните транспортери, кои од денеска...

Македонија23 часа

Келнер, кој непријавен работел во „Пулс“, сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија24 часа

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија1 ден

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...