Македонија
Арсовска се заложи против градење на Водно: Таму нема да се закова ни шајка
Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска се сретна со граѓанското здружение „Го сакам Водно“, веднаш по нивниот повик преку кој од кандидатите за градоначалник на Скопје побараа гаранција дека ќе работат за заштита на планината.
На средбата Арсовска ги ислуша сугестиите и истакна дека за Водно не смее да има компромиси и дека решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање работен комитет од здруженијата, со професори и експерти што ќе работат на сеопфатна заштита на Водно.
„Ќе се залагам за заштита на просторот со закон и ќе го решам проблемот со појавување нови градби на парк-шумата, без да дозволам да се закова, дури и една шајка. Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје, ќе вклучува и пошумување со 100.000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк-шумата. Ќе има 24-часовна патрола на редари, кои ќе се грижат за заштита на шумското и природното богатство, како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично“, посочи Арсовска.
На крајот од средбата таа се обврза на заедничка соработка и континуирана комуникација со цел Водно да продолжи да биде зелена заштита за Скопје и скопјани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;
– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;
-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.
Македонија
Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец
На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

