Македонија
Арсовска: Скопје не е само Центар, да не ги заборавиме околните населби
Скопје не е само Центар, да не ги заборавиме околните населби, изјави кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска претстави нов проект од својата програма.
„Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и услови за живеење. Скопје се соочува со нерамномерен развој. Додека центарот на градот и урбаните населби се пренатрупани и има метеж, приградските населби немаат основни услови за живеење. На само 7-8 километри од центарот на градот има десетина населби, каде што во една нема редовна и чиста вода, во друга нема канализација, во трета нема игралишта за децата, во четврта нема тротоари и асфалтни улици, во петта нема автобуска линија. Затоа, предлагаме и веднаш ќе се зафатиме со реализирање на еден од основните проекти од мојата програма – ‘Скопје без заборавени населби’. Градот ќе изгради нова и посебна програма за сите заборавени населби. Волково, Арнакија, Даме Груев, Маџари, Топаана, Припор, Шуто Оризари, Горно Нерези, Долно Лисиче, Глумово, Свиларе, Шишево, Идризово, Љубанци и Љуботен, Синѓелиќ, Кондово, Кучково и многу други наши скопски населби ќе бидат еден од врвните приоритети во мојот мандат. Канализација, вода, асфалт, автобуски превоз и игралишта за најмладите мора да има секое населено место во и околу Скопје“, изјави Арсовска
Таа истакна и дека нема потреба од политички надмудрувања, нема политика во тоа да се направи водовод, канализација, да се овозможи автобуски превоз или да се изгради тротоар.
„Треба знаење, работливост, компетенции и сигурност. Како човек, но и како менаџер, нема да прифатам објаснувања ниту сега во кампања ниту после тоа, како е возможно во 21 век околу 100.000 луѓе во Скопје да не ги добиваат основните услови за живеење, а редовно да ги плаќаат своите даноци на државата“, рече Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино, извести АМСМ.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

