Македонија
Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ ниту прифаќа, ниту пак ќе предложи потпретседател на Собранието, изјави портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„ВМРО-ДПМНЕ јавно се изјасни дека ниту прифаќа, ниту пак ќе предложи потпретседател на собранието. За ваквиот чекор кој што го правиме има две причини. Првата е дека има толку многу потпретседатели и економски е неоправдано затоа што се трошат парите на граѓаните, втората станува збор за позиција која што е измислена од страна на СДСМ и Зоран Заев само за да може да тргуваат со функции“, рече тој.
Според Арсовски, ова е вештачка тема, креирана и наметната од страна на СДСМ и Заев изминатите неколку денови за да се зборува и да се одвлече вниманието во време кога, како што кажа, за само пет месеци 40.000 луѓе останале без работа.
„ВМРО-ДПМНЕ го советува на Заев наместо да зборува дали ќе се додава или ќе се одзема функција потпретседател во Собранието, тој да се обиде да не краде за да може да има повеќе пари за граѓаните“, рече Арсовски.
Портпаролот, исто така, кажа дека ВМРО – ДПМНЕ утре ќе учествува на седницата за избор на новиот владин состав и дека ќе гласа против.
„Апсолутно ќе учествуваме и ќе гласаме против. Во таа дебата во која ќе учествуваме имаме илјадници, илјадници причини каде што ќе дебатираме за старо новите кадри, криминални кадри на СДСМ кои што се исполнети со криминални афери, со непотизам и со ред други афери и скандали кои што ги следеа изминатите неколку години. Така да оваа влада која што ја предложи Зоран Заев како старо нова влада на СДСМ е крајно криминална, корумпирана и со низа скандали“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

