Македонија
Арсовски: Ковачевски лицемерно носи мерка за забрана на мебел, а веќе набавиле за 300.000 евра
Ковачевски лицемерно носи мерка за забрана на набавка на мебел, а изминативе неколку месеци набавиле за 300.000 евра, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Поттикнати од лошите реакции на јавноста за трошењето над 2 милиона евра за само неколку месеци на непродуктивни трошоци, и тоа за луксузирање на нивните министри и функционери, вчера, замислете, Ковачевски се пофали дека забранил да се набавува мебел за институциите на Владата. Забранил да се набавува мебел. Ковачевски повторно доцни со мерките, како и со сѐ друго.
Бадијала им се мерките за забрана за набавка на мебел од едноставна причина, доколку не знае Ковачевски, еве ќе му кажеме јавно да не биде неподготвен, бидејќи институциите веќе си набавија мебел од стотици илјади евра изминативе неколку месеци откако и институциите и Владата знаеле дека ќе има сериозна економска криза, која ќе се одрази на живеењето на граѓаните“, изјави Арсовски.
Како што додаде, МВР, изминатиов период, откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекине со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавило мебел во вредност од 250.000 евра или 15.400.000 денари набавка на мебел во Министерството за внатрешни работи. Ако ова не е смеење на Владата кон граѓаните во лице, не знам што друго е.
Секретаријатот за европски прашања, каде што од пред неколку месеци е Бојан Маричиќ, вели Арсовски, си набавил мебел и услуги за миење автомобили во вредност од 700.000 денари.
Бујар Османи во Министерството за надворешни работи набавил мебел изминативе неколку месеци, откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра или 1.370.000 денари, само за мебел, само за луксузот на Бујар Османи во зградата на Министерството за надворешни работи.
Дополнително, Љупчо Николовски во Министерството за земјоделство, иако знаел дека ќе има криза, наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за миење автомобили во висина од 470.000 денари. Тоа се над 2.000 миења автомобили годишно, вели Арсовски.
Додаде дека само за мебел изминативе неколку месеци Владата потрошила речиси 300.000 евра, кои, нормално, можеле да се искористат за многу други работи и да им се помогне на граѓаните.
„Поважно на оваа Влада и на овие функционери им е да седат во удобни фотелји и да се возат во секојдневно миени автомобили отколку да им помогнат на граѓаните, да им помогнат на најранливите категории, да им помогнат на земјоделците и на сите други. Очигледно е, оваа Влада и новиот премиер Ковачевски, кој е само една бледа копија и сенка на Зоран Заев, ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните, носат мерки против набавка на мебел, а всушност веќе набавиле мебел. Класична задоцнета реакција, каде што Владата им се смее в лице на граѓаните“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

