Македонија
(Видео) Арсовски: Над 2,5 милиона евра во ек на криза потрошени за луксузни возила
Владата предводена од коалицијата СДСМ – ДУИ потрошила над 2,5 милиона евра во ек на пандемија и економска криза за луксузни возила, обвини ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
Партискиот портпарол Димче Арсовски изјави дека половина од луксузните автомобили биле со цени над 30.000 евра, нешто што ниту еден просечен граѓанин не би можел да си го дозволи за свои два живота.
Во меѓувреме, вели Арсовски, економијата целиот тој период тонеше, компаниите затвораа, отпуштаа луѓе од работа, а граѓаните тонеа во сиромаштија и не добија никаква помош.
„Срамота е Владата да говори дека е домаќинска, а да менува автомобили секоја година и тоа какви – луксузни лимузини што една вреди над 30.000 евра. Ова е најнедомаќинската Влада што воопшто функционирала. Ним изгледа им менува дали автомобилот е стар три години или е нов од продавница. Очигледно нема објаснување зошто го прават ова, освен за нивно лично луксузирање“, рече Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

