Македонија
Артан Груби вели дека снаата на Абази била вработена во 2015 година
Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците вели дека Шпреса Абази е вработена во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на 1 јули 2015 година преку програмата К5.
Реакцијата следи откако претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски рече дека Абази, која инаку е снаа на шефот на ЈО за организиран криминал, Ислам Абази, била вработена минатата година.
Од Министерството со кое раководи Артан Груби велат дека во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата (предвиден во Законот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем и меѓу заедниците. Односи, Службен весник на РСМ бр. 302 /2020) заедно со уште 9 вработени е предвидена за трансфер во АЕК.
„Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше на мирување, бидејќи беше на мандат во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Северна Македонија во Виена, Австрија, испратени во тоа време на Никола Поповски, министер за надворешни работи.
Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

