Контакт

Македонија

АСОМ до Владата: На мала врата сакате да протнете штетен закон, со кој се враќа дивото обложување

Објавено пред

Асоцијацијата на спортските обложувачници на Македонија (АСОМ) денеска прати отворено писмо до Владата, во кое пишува дека најмалку очекувале во ек на економска криза таа да им го сврти грбот на 10.000 вработени во индустријата на игрите на среќа и од нив да направи социјални случаи.

dobivaj vesti na viber

„Вџашувачки за нас како Асоцијација е дека по толку долго време од нашите обиди и повици да се организира јавна расправа за измените на Законот за игрите на среќа вие како Влада останавте глуви. Сега на мала врата и по скратена постапка сакате штетното законско решение да помине во Собранието преку злоупотреба на европското знаменце“, пишува АСОМ во писмото до Владата.

Во писмото АСОМ исто така прашува зошто измените и дополнувањата во Законот за игрите на среќа и забавните игри треба да се донесат по скратена постапка со ЕУ-знаменце и без да поминат јавна расправа и без да се слушнат засегнатите страни, пошироката и стручната јавност, која може и треба да даде свој коментар или нов пакет-предлози.

Со одлуката на Владата, АСОМ се игнорира како официјална организација во која членуваат над 90 % од приредувачите на игри на среќа, што за Асоцијацијата на спортските обложувачници на Македонија отвора ново прашање: Дали и кој стои зад овие измени и чиј интерес се штити?

Во однос на грижите на граѓаните од негативните последици, АСОМ во отвореното писмо потсетува дека Владата ниту еднаш не ги зела предвид низата решенија и законски измени што биле доставувани до ЕНЕР-системот, но и до Владата.

„Треба да биде јасно дека нашата индустрија НЕМА ИНТЕРЕС од играње ниту на малолетници ниту има интерес од креирање зависности. Напротив, индустријата на игри на среќа има интерес игрите да се играат за забава и тоа силно го промовира. Годишно трошиме десетици илјади евра како компании за спроведување кампањи за заштита од негативни последици и едукација на играчите. Ние сме општествено одговорни компании, кои 100 % ги почитуваат актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме буџетските приливи. Ние сме индустрија која одлично е регулирана во моментот, а нашите членки се компании што работат во согласност со законите, без никакви отстапки. Ако вие како Влада сакате на кој било начин да помогнете или придонесете, треба да бидете партнер во овие напори“, порача АСОМ во писмото до Владата.

Според АСОМ, затворањето на индустријата во државата значи враќање во деведесеттите и играње во подруми и во нелегални објекти. Единствениот начин да се влијае позитивно е преку едукација и добра регулација.

„АСОМ е против и до крај ќе се бори против нелогични и погрешни законски измени. Вашиот предлог како Влада не постои во ниедна европска земја, гарантирано ќе отвори пат до диво обложување и нема да го намали играњето или, пак, негативните последици од него“, пишува АСОМ.

Во писмото до Владата, АСОМ потсетува дека измените на законот се направени без анализи, а одлуката за утврдување на измените и дополнувањата на овој закон и владините државнички одлуки се контрадикторни.

„Нелогично е Владата со новиот закон да дозволи затворање на 98 % од објектите и во исто време да очекува поголем број вработувања или поголеми приходи од зголемените давачки. Дислокација на објектите значи нивно затворање, односно околу 250 милиони евра годишно помалку пари во буџетот. Одговорно тврдиме, а вие како Влада проверете со Министерството за финансии и другите институции, дека овој закон ќе значи директно губење 10.000 работни места, а индиректно со намалени или целосно изгубени приходи ќе бидат 54.000 работници“, пишува АСОМ во писмото до Влада.

Актуелниот закон, според АСОМ, ги опфаќа сите сегменти на контрола на игрите на среќа од сите надлежни институции. Во согласност со тоа, покрај законските регулативи и забрани за влез на малолетни лица во објектите, членките на Асоцијацијата спроведуваат и дополнителни контроли во објектите со цел да не дојде до какво било нарушување на законите. Тоа дополнително потврдува дека АСОМ како индустрија застапува светски реномирани брендови и висока професионалност во областа што ја работи.

АСОМ исто така одбива да верува дека поради политичко популистички цели, дејноста свесно сака да се претстави како незаконска или нелегална. Според АСОМ, Владата со измените во законот на широка врата дава „пас“ за нелегални диви обложувачници.

„Ако вие како Влада навистина сакате добар закон, сè уште има можност да го сторите тоа – во Собранието преку поднесување амандмани. Нашата држава како земја аспирант за членство во Европската Унија треба ги искористи позитивните практики на европското законодавство. Повторно ќе ја потсетиме Владата дека веќе постојниот Закон за игрите на среќа е направен врз база на европските закони. За крај, веруваме во добрите намери и даваме уште една шанса да седнеме на маса и заеднички да донесеме подобар закон. Ве повикуваме да отворите дебата, да повикате експерти и да направиме анализа за тоа какви измени би ги постигнале целите, кои верувајте дека се заеднички. Но, овој закон, во оваа форма, тоа не го постигнува и ние ќе ги преземеме сите правни механизми и законски можности да го спречиме неговото носење“, завршува АСОМ во писмото до Владата.

Македонија

Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Времето во наредните денови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа33 минути

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет36 минути

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет47 минути

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа52 минути

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион10 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија11 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет13 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија16 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија19 часа

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија19 часа

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија20 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија21 час

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија21 час

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ23 часа

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...

Европа1 ден

(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети

Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради,...

Регион1 ден

Косово доби нова влада, Курти повторно е премиер

Парламентот на Косово ја изгласа новата влада, повторно предводена од премиерот Албин Курти, по повеќе од една година политички ќорсокак...

Свет1 ден

Шефот на Инстаграм на суд: Апликацијата не предизвикува клиничка зависност

Адам Мосери, шефот на Инстаграм, сведочеше дека не верува дека корисниците можат да бидат „клинички зависни“ од апликацијата за социјални...