Македонија
Асоцијација на пронаоѓачи: Драги Рашковски треба да го поддржиме, а не да го плукаме
Ако нашиот пронаоѓач проф. д-р Драги Рашковски ѝ укажал чест на нашата држава и го пласира тука неговиот патент од областа на безбедност на сообраќајот треба да го поддржиме, а не да го плукаме, велат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.
Од таму апелираат до сите партиски организации своите препукувања да не ги прават на штета на пронаоѓаштвото и велат дека сега сме во 2021 година, а не 1903 и дека светот оди напред, а ние мораме да го следиме.
Од Национална асоцијација на пронаоѓачи на Македонија се обратија до ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение по однос на, како што велат, нападите кон нивниот член Рашковски.
„Почитувани, ја цениме вашата загриженост за пронаоѓаштвото во нашата држава. Но би сакале да ве потсетиме, во 2006 год. во тогашната Република Македонија имавме 340 домашни патентни пријави за во 2016 овој број драстично да се намали на само 29 домашни патентни пријави. Вашата грижа за пронаоѓашвото нè донесе во затворен партиски кафез. Од тие причини е формирана Национална асоцијација на пронаѓачите на Македонија (НАИМ) со чие основање на нашите пронаоѓачи им отворивме светски пат, за нивно претставување на речиси сите континенти. НАИМ за многу кус период успеа да стане светски признаена организација и полноправна членка на ИФИА (Светска федерација на иноваторски асоцијации).
Би сакале и да напомнеме дека патентите се правна категорија, со која авторите (носители на патентните права) имаат монополско право на располагање и одлучување врзани за нивниот патент. Исто така треба да се знае дека патентите не подлежат на тендери. Патем, кога се работи за ваков вид патентирна безбедносна опрема, таа може да се продаде само на институции кои се за тоа надлежни или на друга компанија (а во тој случај, истата би требале да ја увезуваме) ваква опрема не може да се продаде на Бит-пазар“, велат од Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

