Македонија
АУЕ – ФОН стана дел од балканската асоцијација на економски универзитети
Американскиот универзитет на Европа – ФОН стана дел од Балканската асоцијација на економски универзитети којашто беше основана во Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ) во Софија, Република Бугарија. Асоцијацијата е формирана на иницијатива на ВУЗФ и обединува универзитети од Бугарија, Северна Македонија, Турција, Албанија, Црна Гора и Косово. За претседател на Управниот одбор на Балканската асоцијација е избран ректорот на ВУЗФ, проф. д-р на правни науки, Борис Велчев, а за потпретседател е избрана ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска.
Идејата на Балканската асоцијација на економски универзитети е да создаде услови за соработка и обединување на заедничките напори во обезбедување образовни услуги во областа на високото образование, науката и обуката. Главни цели и задачи на Балканската асоцијација ќе бидат синхронизација на економските програми со цел да се олесни меѓусебното признавање на дипломите и студиските периоди; мобилност на студенти, наставници и административен персонал во рамките на програмата Еразмус+, како и во рамките на други програми за мобилност; развој и воведување заеднички дипломски и магистерски програми, вклучително и преку изградба на меѓууниверзитетски конзорциуми; зајакната соработка во обуката на докторантите и во спроведувањето на процедурите за стекнување научен степен „Доктор на науки“; можности за заедничко научно и применети истражувања и дисеминација на резултатите од спроведените научни истражувања; соработка на европски проекти; организирање заеднички научни настани, конференции и слично.
„Верувам дека обединетите напори за создавање одржлива средина за високо образование, наука и академска размена ќе придонесат за економскиот развој на нашиот регион и особено за високото образование во областа на економијата“, изјави ректорот на ВУЗФ универзитетот проф. д-р на правни науки, Борис Велчев на основањето на Балканската асоцијација на економски универзитети.
![]()
Договорот за основање на Балканската асоцијација на економски универзитети го потпишаа ректорот на ВУЗФ, проф. д-р на правни науки Борис Велчев, проф. д-р Билјана Пулеска, ректор на АУЕ-ФОН, проф. д-р Павло Конго, ректор на Универзитет во Албанија, Тирана, проф. д-р Шемседин Вехапи, проректор на колеџот ААБ од Косово, проф. д-р Ерхан, претседател на Универзитетот Алтинбаш од Истанбул.
Меѓу првите активности на Балканската асоцијација на економски универзитети ќе биде заедничко организирање на меѓународна конференција „Економија на иднината“, којашто ќе се одржи во Софија од 19 до 21 април 2023 година.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

