Македонија
Ахмети: Преовлада свеста за евро-атлантската ориентација на земјата

Пријателството со Соединетите Американски Држави и Европската Унија, но и со земјите од регионот, е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности, напиша лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на социјалните мрежи.
„Преовладуваше свеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евро-атлантската ориентација на нашата земја и сигурната прозападна иднина. На нашата земја ѝ требаат повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост.
Негирањето на Охридскиот, преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, ЕУ, Република Косово, албанскиот јазик – не може да имаат место овде“, додава Ахмети.
Тој воедно нагласи дека нема да постапуваат ниту со емоции ниту со еуфорија.
„Засекогаш заедно!“, порача лидерот на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.