Македонија
Ахмети: Приоритет се уставните измени
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е задоволен од конструктивноста на лидерите по средбата во Собранието.
„Разлики имаше, но беше конструктивна. Се надевам дека ќе продолжиме со овие средби за да се гради заедничка стратегија за да ја промениме денешницата. Доминираа рационалноста и смиреноста, сакам тоа да продолжи за да се надминат разликите. Упатив апел да се вратиме на разумот. Ако не се отворат прашања од минатото, ќе нѐ спречат да одиме кон иднината. Ние сме тие што бараме членство во ЕУ. Приоритет се даде на уставните измени“, рече Ахмети по лидерската средба во Собранието, што ја иницира премиерот Ковачевски, а ја прифатија речиси сите политички партии.
На лидерската се дискутира за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени, кои се услов за преговорите со ЕУ.
На средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, и претседателот на Движењето Беса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

