Македонија
Ахмети се сретна со Мет Палмер од Стејт департментот – Време e за решение за името

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, остварил средба со високиот преставник од Вашингтон, Мет Палмер, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот.
Како што соопшти ДУИ, на состанокот се разговарало за преговорите помеѓу Скопје и Атина и можностите за затворање на спорот за името, со цел да се отворат вратите на НАТО и ЕУ за Македонија.
Ахмети истакнал дека ДУИ го поддржува затворањето на прашањето и придонесува за постигнување на прифатлив компромис за двете страни.
„Компромисот ќе ни овозможи да добиеме покана за влез во НАТО и да добиеме датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Евроатлантската интеграција на Македонија е наш приоритет бидејќи овозможува мир, стабилност и безбедност, но исто така отвора нови и конкретни економски перспективи“, изјавил Ахмети.
Од ДУИ по состанокот велат дека САД силно ја поддржуваат евроатлантската перспектива на Македонија и поттикнуваат надминување на сите пречки на овој пат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.