Македонија
Ахмети – Цакај: Заедно сме на вистинскиот пат

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Собранието оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Албанија, Гент Цакај, кој престојува во официјална посета на нашата земја.
Ахмети за време на средбата со Цакај рече дека Северна Македонија и Албанија негуваат добрососедски односи и дека такви ќе останат засекогаш.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, му пренесе на министерот за надворешни работи на Република Албанија, Цакај, дека во наредниот период партнерството и соработката меѓу нашите две земји ќе се прошири во функција на мирот, стабилноста и регионалниот просперитет за да се исполнат нашите цели за заедничка стратешка интеграција во Европската Унија.
Ахмети и Цакај разговараа и за договорот во Вашингтон меѓу Република Косово и Република Србија. Тие оценија дека оваа одлука е чекор кон конечниот договор за меѓусебно признавање на двете земји. Ахмети и Цакај исто така разменија мислења и за други политички теми во земјата и регионот, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска и утре, со партиска делегација составена од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, како и преставници на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ предводени од претседателката Жаклина Пешевска и преставници на Унијата на млади сили ќе присуствуваат на дводневниот Конгрес на Eвропската Народна Партија (ЕПП) во Валенсија, Шпанија.
На конгресот претседателот Мицкоски ќе има и свое обраќање на првата пленарна сесија. Претседателот Мицкоски ќе одржи и неколку билатерални средби, меѓу кои со Австрискиот премиер и претседател на сестринската партија ОВП, Стокер, како и со претседателот на Српската напредна странка и поранешен премиер на Србија, Вучевиќ, со претседателот на Демократската партија на Албанија и поранешен премиер и претседател на Албанија, Бериша и други европски лидери.
Исто така, Мицкоски ќе присуствува и на вечерата организирана за лидерите од Европската народна партија.
Македонија
Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните, Радовиш е една од општините каде може да победиме

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера се сретна со граѓаните и членовите на СДСМ во Радовиш, каде што испрати силни пораки за актуелната состојба во државата и идните предизвици.
„ВМРО-ДПМНЕ не ја води државата како што треба, тоа ние го знаевме и граѓаните го гледаат тоа. Граѓаните веќе ги гледаат и чувствуваат лошите политики. Но тоа не значи дека по автоматизам ќе ни ја вратат нам довербата“, истакна Филипче.
Тој порача дека Македонија има Влада која работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата.
„Имаме работа со Влада којашто како никогаш досега во историјата на земјата работи спротивно на интересите на граѓаните и на државата. Што и да прават, колку и да ја ставаат на максимум својата пропаганда којашто на некој начин е фабрика на илузии, тоа граѓаните не може да ги залаже“, изјави Филипче.
Претседателот на СДСМ нагласи дека економската состојба станува сè потешка за граѓаните, додека Владата не презема мерки за подобрување на стандардот.
„Луѓето не можат да врзат крај со крај со платите коишто Владата никако не сака да ги зголеми. Младите само планираат како да се иселат од земјата, тоа се нивните разговори“, рече Филипче.
Говорејќи за Радовиш, Филипче изрази цврста верба во успехот на претстојните избори.
„Радовиш е еден од градовите каде што може да победиме на изборите – цврсто сум убеден. Затоа што знаеме што не доведе до тука и сме тргнати по патот на корекција на работите и тоа го приметуваат луѓето. Ако продолжиме вака, да знаете дека успехот е загарантиран“, порача Филипче.
На крајот, тој упати апел до членството за заедништво и мобилизација.
„Да работиме заедно, да се поддржуваме еден со друг, нас партијата ни е семејство. Да го мобилизираме целокупното членство, сите околу нас“, истакна претседателот на СДСМ.
Македонија
Интерпелацијата на Тошковски на дневен ред во Собранието

Пратениците денеска треба да расправаат за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група Левица. Пленарната седница е закажана во 11 часот.
Левица ја поднесе интерпелацијата на 14 април поради тоа што, како што велат од партијата, Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.
Од Левица велат дека интерпелацијата е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Според партијата, МВР потфрлило и во тоа што долг период во истрагата не биле вклучени функционери и носители на функции блиски до ВМРО-ДПМНЕ.