Македонија
Бартол: По решавањето на спорот за името, Македонија ќе стане 30. земја членка на НАТО

Горазд Бартол, шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје, на денешната конференција во МНР, која се однесуваше на евро-атлантските интеграции на Македонија, изјави дека сака државата да ја поздрави како 30. земја членка на Алијансата веднаш откако ќе го реши спорот за името со Грција.
-Стратешката цел на вашата држава да стане дел од НАТО е сè поблиску. Имам големи очекувања од Владата во наредниот период. Откако дојдов во Скопје во јуни 2016 година наидов на забавени реформи, но сега сум задоволен од нивното спроведување, рече Бартол.
Тој вели дека е задоволен од досегашната соработка со актуелната влада по што истакна дека така и ќе продолжи откако на Македонија ќе ѝ биде упатена покана за членство во НАТО.
-Ги охрабрувам властите да продолжат со заложбите да го решат прашањето со Грција за спорот околу името и со тоа да се исполни стратешката цел на Македонија да стане 30. земја членка на Алијансата, вели Бартол.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба со собраниските известувачи, на која ќе информира за тековните активности во законодавниот дом, по редовната координација со координаторите на пратеничките групи. До петокот на собраниската веб-страна освен брифингот со новинарите, Собранието немаше закажано други активности за следната недела.
Одморот на пратениците беше прекинат на 16 август кога беше свикана итна седница за Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка кој не помина поради немање на Бадентерово мнозинство. Претходно, на 13 август седница одржа и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, која формира Комисија за селекција на кандидатите за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вообичаено одморот на пратениците започнува по Националниот празник Илинден.
Претседателот на Собранието Гаши на 9 август ги распиша локалните избори за 19 октомври. Се очекува Собранието да одржува пленарни седници и седници на комисиите до пред почетокот на кампањата за локалните избори на 29 септември.
На последниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието потсети дека законодавниот дом е во постојано заседание и дека доколку е потребно пратениците ќе бидат повикани за седници.
Македонија
Османи: Овие избори се референдум за достоинството и еднаквоста на Албанците

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја критикуваше, како што рече, системската политика на новата влада насочена кон маргинализација и потиснување на Албанците. Во своето обраќање, тој порача дека не станува збор за изолирани случаи, туку за „координиран проект на елиминација“.
„Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет продолжува да ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор“, изјави Османи.
Тој го обвини премиерот Мицкоски за „длабока нетолеранција кон Албанците“, која, според него, се манифестира и на лично и на институционално ниво.
„Оваа политика на Мицкоски неретко ја гледаме како израз на неговиот личен карактер: ‘ќе ги вадиме за уши’, ‘ќе им го покажеме местото’, но и во неговата професионална, или службена поставеност на отстранување на Албанците од концентричните кругови на неговото најтесно окружување“, додаде Османи.
Како „особено понижување за Албанците“, тој го наведе и доделувањето на ресорот за Охридскиот рамковен договор на, како што го нарече, „Српскиот свет во земјава“.
„Како поинаку да се толкува доделувањето на клучната Владина позиција за спроведување, негување и унапредување на вредностите и придобивките од Охридскиот Рамковен договор директно во рацете на Српскиот свет во земјава“, рече Османи.
Тој предупреди и на други чекори кои, според него, ја потврдуваат оваа политика – укинувањето на Балансерот, маргинализацијата на Бадентеровиот механизам и исклучувањето на Албанците од политиките на Централната банка и финансиските институции.
„Овие механизми – Бадентер, Балансер, јазична застапеност итн., – претставуваат механизми за заштита од мајоризација, и токму тие се најголемата пречка за спроведувањето на крајната радикална националистичка политика на Мицкоски, ВМРО и ЗНАМ кон Албанците“, нагласи Османи.
Османи ја критикуваше и улогата на институциите, како Уставниот суд, ДИК и Централната банка, за кои рече дека се „прокси играчи“ на премиерот. Според него, особено „бедна“ е позицијата на, како што ги нарече, остатоците од ВЛЕН во Владата.
„Тие и самите се понижени и отстранети од масата кога Македонците носат одлуки, но уште потрагично, потоа мора да ја играат улогата на поданици – да ги спроведуваат, правдаат и да им даваат легитимитет на овие одлуки“, изјави Османи.
Тој порача дека претстојните избори се историски за Албанците.
„Ова не е повеќе обична политичка битка. Ова е историски миг во кој Албанците мора да се изјаснат – дали ќе прифатат повторно да бидат неми набљудувачи додека ги бришат од системот? Дали ќе дозволат повторно да бидат ‘толерирани’ наместо вреднувани?“, праша Османи.
Во своето обраќање, тој нагласи дека Албанците нема да се откажат од европската перспектива на државата.
„Албанците не сакаат да се откажат од европската иднина на оваа земја; не сакаат немо да гледаат како земјава се сели во прегратките на српскиот свет и кинеско – руските прегратки, туку сакаме да ја видиме како современа, прозападна земја, која е полноправна членка на НАТО и ЕУ“, изјави Османи.
Тој заврши со порака дека за сите кои не разбираат зошто овие избори се историски за Албанците – „наскоро ќе им се разјасни“.
Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.