Македонија
Бачев: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги ограбија работниците во изминативе 27 години
Претседателот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, на работниците им го го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
„Во името на Единстена Македонија и во свое лично име дозволете ми најпрво да Ви го честитам 1 Мај и истовремено да ја споделам тажната слика со работниците кои во изминатите 27 години се ограбени, понижени и најсурово опљачкани од партијата ‘погреб за Македонија’ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ“, вели Бачев.
Како што истакнува претседателот на „Единствена Македонија“ најпрво СДСМ во криминалната приватизација го ограбила работничкиот имот од околу 5 милијарди тогашни германски марки кој го создавале 45 години наназад сите работни луѓе во социјализмот.
„Дополнително, транзициските бандити украдоа уште 2 милијарди германски марки од шверцот со нафта за време на ембаргото на Обединетите нации спрема Сојузна Република Југославија. Овој грабеж на работниците е документиран во Секторот за организиран криминал при Управата за безбедност и контраразузнавање во рамките на Оперативната акција ‘Трансформација’ и Оперативнта акција ‘Монета’, меѓутоа, повеќе од две децении останува закочен во фиоките на тајната полиција“, истакнува Бачев.
Тој се осврна и на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во постприватизацискиот период, каде како што вели, од работниците биле украдени околу 5 милијарди евра.
„Единствената разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што едните краделе од работниците во германски марки, а другите во евра. И не случајно бандитите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога ја напуштаат власта заминуваат како најголеми капиталисти врз грбот на работниците без никаква одговорност за грабежот“, нагласува претседателот на „Единствена Македонија“.
Тој истакнува дека работниците заслужуваат подобро, но смета дека Македонија треба уште еднаш да го изоди патот од 1991 година.
„Единствена Македонија не дава празни ветувања. Единствена Македонија ќе расчисти со приватизациските и постприватизациските бандити кои ги опљачкаа работниците, храбро, решително и во интерес на работниците, украденото ќе се одземе и ќе се врати на народот“, тврди Бачев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

