Македонија
„Бгнес“: Борисов ја испрати Захариева во Берлин со тврди позиции за Северна Македонија
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, ја испрати вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Берлин, каде што вечерва ќе се одржи дискретна средба со претставници на Владата на Република Северна Македонија по покана од германското претседателство со ЕУ, јавува „Бгнес“.
Целта на разговорите, како што пишува бугарската новинска агенција, е Бугарија да ги утврди условите под кои би можела да го поддржи почетокот на преговорите за Северна Македонија.
Захариева се очекува да ја претстави тврдата позиција на Софија нагласувајќи дека има сè помал временски прозорец што останува сè додека не се донесе одлука. Останаа само уште неколку дена во кои ЕУ мора да одлучи дали Северна Македонија ќе почне или не преговори, пишува агенцијата.
„Бгнес“ била во контакт со бугарското Министерство за надворешни работи, но оттаму не ја потврдиле ниту, пак, ја демантирале информацијата.
Пред неколку дена Захариева за „Ројтерс“ изјави дека Бугарија го губи трпението во врска со неподготвеноста на Северна Македонија да го спроведе договорот за пријателство, што премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, го потпишаа во 2017 година. Таа рече дека Северна Македонија треба да ја признае „историската вистина“ оти македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Изолациската дипломатија на Мицкоски ја носи Македонија во „периметар Сомалија“
СДСМ обвини дека Македонија, поради политиките на актуелната власт, завршила на листа со 75 земји оценети како „трет свет“, меѓу кои и Сомалија, оценувајќи дека тоа е резултат на изолациската дипломатија на премиерот Христијан Мицкоски.
„Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски“, се наведува во соопштението на партијата.
Од СДСМ посочуваат дека минатата година САД ги зголемиле царините кон Македонија, а сега следува и суспензија на визите. Според партијата, со месеци предупредувале дека, „тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација, далеку од Европската Унија“.
САД претходно ги суспендираа имигрантските визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.

