Македонија
БЕГ: За 10 дена пристигнале 110 барања за бесплатно приклучување кон системот за централно греење
Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од БЕГ АД наиде на голем интерес кај правните лица и домаќинствата, информираат преку соопштение од БЕГ на десеттиот ден од акцијата и додаваат дека досега им пристигнале 110 барања за приклучок во новата грејна сезона.
„Во споредба со истиот период минатата година, интересот за приклучување кон системот за топлинска енергија е зголемен над 50 отсто. Повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената, која во периодот од 2013 до 2018 година се намали од 33 до 66 отсто, во зависност од категоријата на потрошувачи, очекувано го зголеми интересот кај потрошувачите“, стои во соопштението на БЕГ.
Акцијата за бесплатен приклучок, додаваат од БЕГ, ќе трае до 15 септември годинава. По завршувањето на бесплатната акција, па сè до 30 септември, корисниците ќе плаќаат 50 отсто од предвидените трошоци за оваа услуга, а од 1 октомври годинава приклучувањето ќе се наплаќа во целост во согласност со важечкиот ценовник, се додава во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

