Македонија
Без вода делови на Чаир и Центар

Поради отстранување дефект на водоводна цевка со пречник 250 mm на ул. Македонско-косовска бригада бр. 41, од 8:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Македонско-косовска бригада – крак 11, ресторанот „Аванти“, трговскиот центар „Рентал поинт“ и објектите во кругот на касарната „Илинден“ (општина Чаир).
Поради отстранување дефект на приклучна водоводна цевка со пречник 3 цола, од 9 часот до завршување со активностите, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Цицо Поповиќ (општина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.