Македонија
Без вода денеска дел од Центар

РЦУК – Скопје извести дека денеска поради внатрешен дефект и барање од странка за затворање на вода на улицата Кеј 13-ти Ноември бр.8 во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Холидеј ИН до поштата.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кисела Вода ќе аплицира со 15 инфраструктурни проекти на вториот повик, денес доставени шест

Кисела Вода денес поднесе 6 од предвидените 15 проекти со кои аплицира на вториот владин повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Целосно е подготвена и доставена документацијата за шест проекти, додека останатите девет се во фаза на подготовка и ќе бидат доставени до крајниот рок. Реализацијата на овие проекти е од исклучително значење, бидејќи се клучни за модернизација и развој на локалната инфраструктура, а реализацијата на одобрените проекти од првиот повик е во тек, соопштија од општината.
Поднесените проектите денес се:
1.Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода;
2.Основен проект за реконструкција на улица Киро Фетак во дел кај мостот;
3. Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ “Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер);
4.Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ “Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода;
5.Основен проект за Реконструкција на ул Томе Арсовски во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и
6.Основен проект за Реконструкција на ул Фредерик Шопен во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.
-Аплицираме со вкупно 15 капитални проекти кои значат значително подобрување на инфраструктурата во нашата општина. Средствата што очекуваме да ги добиеме преку овој владин повик ќе бидат насочени кон изградба, реконструкција и модернизација на улици и патишта, образовни институции и јавни површини, со што директно ќе се подобри квалитетот на живот на нашите сограѓани. Секоја улица што ќе биде реконструирана значи побезбеден и поквалитетен сообраќај, секоја доградба на училиште значи повеќе простор и подобри услови за нашите деца, а секоја нова урбана површина значи подобро организирана и уредена средина.
Оваа можност што ја нуди Владата претставува сериозен придонес за локалниот развој и верувам дека сите општини ќе аплицираат со квалитетни проекти. Сакам да истакнам дека иако денес поднесовме шест, до крајниот рок ќе поднесеме уште девет, што значи дека Општина Кисела Вода ќе аплицира со вкупно 15 капитални проекти. Ова се сериозни инвестиции кои ќе остават траен белег врз урбаниот развој на Кисела Вода и ќе обезбедат поквалитетни услови за живот на сите граѓани- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Останатите девет проекти кои се во подготовка и со кои ќе се аплицира до крајниот рок се:
1.Изградба на поликлиника во Кисела Вода
2.Партерно уредување на сала “Расадник”
3. Фекална канализација Припор-Бабин Дол
4.Доградба на ООУ “Кузман Шапкарев”-Драчево со спортска сала
5. Поплочување и реконструкција на атмосферски канал Драчево
6.Изградба на затворено спортско игралиште во ПОУ “Круме Кепески”
7. Месна заедница во Пржино
8. Реконструкција на улици во Пинтија, на “Речиште” и” Герника”
9. Партерно уредување на Мала Рада.
Македонија
КАРИЛ се подготвува за реновирање: во наредниот период ќе функционира со намален капацитет, изготвен план за упатување на пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети УК за ТОАРИЛУЦ и оствари средба со директорката Марија Срцева-Јовановски по повод подготвителните активности кои се во завршна фаза за почнување темелна реконструкција на просториите на КАРИЛ, која се реализира првпат.
Поради внимателно и безбедно пристапување кон реконструкција на КАРИЛ, од Министерството информираат дека оваа установа во наредниот период ќе функционира со намален капацитет за што се известени сите јавни здравствени установи во државата.
„Некои од пациентите ќе ги преземат ГОБ ‘8 Септември’, Хируршката клиника ‘Св. Наум Охридски’ и Клиниката за неврохирургија во согласност со изготвениот интерклинички план, а во соработка со Министерството за здравство. Во согласност со планот, овие јавни здравствени установи ќе преземат точно утврден број пациенти, со заеднички договор со јавните здравствени установи“, се нагласува во информацијата.
Оваа капитална инвестиција, според Министерството, е од национален интерес и првпат од основањето на клиничкиот центар се пристапува кон темелна реконструкција на КАРИЛ.
Скопје
Герасимовски: Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција, да го чуваме и негуваме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска беше во посета на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кадешто со учениците од ова училиште заеднички го одбележаа Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари.
„На Денот на мајчин јазик, се сеќаваме на моќта на зборот, на силата што ја носи секоја реченица што ја изговараме. Мајчиниот јазик е нашиот идентитет, култура и традиција што ги носиме во срцето. Да го чуваме и негуваме! Утрово, со учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” заеднички го одбележавме Меѓународниот ден на мајчин јазик, 21 февруари со креативна работилница. Упатувам благодарност до сите наставници и до директорката за целиот труд што го вложуваат во здрав развој на нашите деца“, истакна Герасимовски.