Македонија
Без струја делови на Бутел, Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Сарај
Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат од 8.30 до 14.30 часот дел од улиците со броевите 52, 48 и 50, патот за селото Љубанци, улицата Радишанска, улицата 18, улицата 28, улицата Бутелска, улицата 20, улицата 46 и околината во општина Бутел. Во периодот од 9 до 11.30 часот струја ќе нема дел од улицата Блажо Орландиќ со броевите 2, 4 и 6 во општина Аеродром.
Без струја во периодот од 9 до 12 часот ќе биде дел од улицата Ванчо Мицков во општина Карпош, од 8.30 до 11 часот сите објекти во бивша „Стакларница“, НАС-ГАС, „БА компани“, сите мали и големи потрошувачи во склоп на „Стакларницата“, сите објекти на булеварот Борис Трајковски што се напојуваат од трафостаниците сопственост на бившата фабрика „Стакларница“ во општина Кисела Вода, а од 8.30 до 10 часот струја ќе немаат и дел од селата Раовиќ, Паничари и Ласкарци, дел од село Буковиќ во општина Сарај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда
„Со неуставна Резолуција ДПМНЕ-ЗНАМ сакаат да ја задушат демократијата и слободата на говор во Македонија. Целта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста“, велат од СДСМ.
„СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда.
Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска.
Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување.
Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми.
Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Спроведени 262 контрли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, утврдени се минимални недоследности
Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.
Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа 4 решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.
Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбеднсота на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна.
Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности, извести АХВ.
И покрај тоа, АХВ и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи, додаваат од Агенцијата во писменото соопштение.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).

