Македонија
Без струја делови на Карпош, Центар, Студеничани, Аеродром и Гази Баба
Од „ЕВН Македонија“ известуваaт дека без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Центар, Студеничани, Аеродром и Гази Баба.
Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улицат 3, дел од Горно Соње (општина Сопиште), како и корисниците на улицата Јуриј Гагарин зграда 21/2, зграда 23/4, улицата Миле Поп Јорданов бр. 16 (општина Карпош); од 8.30 до 16 часот корисниците од улицата Славка Недиќ бр. 6, 7, 8, 9, 11, 12, 13, 15, улицата Дебарца бр. 65 (општина Центар); од 9 до 12 часот корисниците од улицата 18 во с. Бардовци (општина Карпош), како и корисниците на дел од с. Маркова Сушица (општина Студеничани).
Од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Анастас Митрев, дел од улицата Венјамин Мачуковски, дел од корисниците во близина на маркетот „Зур“ (општина Аеродром); од 12 до 14 часот корисниците од улицата Јуриј Гагарин бр. 25 и бр. 43, улицата Миле Поп Јорданов бр. 5 А и бр. 40 (општина Карпош); од 8.30 до 13 часот корисниците од село Стајковци, дел од улицата 6 кај земјоделската аптека, дел од улицата 6 зад Месната заедница (општина Гази Баба).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“.
„Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност“, напиша Тошковски на ФБ.
Системот „Сејф сити“ пробно почна да функционира на 1 декември, а официјално треба да биде пуштен во употреба на почетокот на следната година.
Македонија
Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини дека негова семејна фирма која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, пишува Томовски на ФБ.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

