Македонија
Без струја делови на Центар, Карпош, Студеничани и Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57420701_1221860271320747_6163787985457250304_o.jpg)
Од „ЕВН Македонија“ известуваат дека се планирани следните технички зафати во дистрибутивната електромрежа во град Скопје:
– во периодот од 9 до 10 часот корисниците од булеварот Партизански одреди, зграда бр. 80, влез 2 во општина Карпош;
– во периодот од 8.30 до 15 часот корисниците од улицата Загрепска во општина Центар;
– во периодот од 8.30 до 11.30 часот корисниците на дел од улицата Васил Ѓоргов, поточно сите непарни броеви од број 9 до број 23 во општина Центар;
– во периодот од 9 до 17.30 часот корисниците на село Долно Количани во општина Студеничани; и
– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата Манчу Матак во општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија на „Табановце“ и „Богородица“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/slika-granica.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa ГП Табановце и Богородица има зголемена фреквенција на возила за излез од Мaкедонија, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мизрахи: Разрешени 9 од вкупно 14 економски директори во клиничките болници, за останатите пет се очекуваат законските предлог-измени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/mizrahi-onkologija.jpg)
Економските директори во клиниките беа воведени пред 17 години. Во 2006 година, скопскиот Клинички центар беше поделен на 32 клиники, со 56 директори и 142 члена на управни одбори, што се покажа како дисфункционално, неодржливо и скапо решение, кажа Рашела Мизрахи, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес е десетти ден од формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а веќе предвидената мерка која беше и изборно ветување од програмата Платформа 1198 од страна 120, започна да се реализира, и таа гласи:
Укинување на економските односно организационите директори на клиниките, а во цел укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста како и пренасочување на средствата за подобрување на здравствените услуги и инфраструктура и зголемување на транспарентноста и отчетноста.
Имено, согласно оваа предвидена мерка и реформа, до сега се разрешени 9 од вкупно 14 економски директори во клиничките болници.
Овие 9 досегашни ВД директори не се повеќе на таа функција, а за останатите 5 директори очекуваме од Владата да пристигнат во Собранието, Предлог измените на Законот за здравствена заштита со кои што ќе се исполнат законските услови за нивно разрешување и укинување.
Со оваа мерка ќе добиеме оптимизација на здравствениот систем, зајакнување на јавното здравство, подобрување на функционалната организација на истото, елиминирајќи ги врзаните потписи и сивата зона на одговорност во рамки на здравствените установи. Истовремено ќе се намалат непотребните трошоци, а ќе се рационализираат административните трошоци преку пренасочување на средствата во сериозно потребната здравствена екипираност, континуирана едукација на кадрите и набавка на нова медицинска опрема. Ова ќе придонесе кон целосно подобрување на здравствената внатрешна и надворешна инфраструктура и здравствени услуги за сите граѓани.
Здравствената нега е од витално значење за сите нас во одредено време, но јавното здравство е од витално значење за граѓаните во секое време“, изјави Рашела Мизрахи, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Тошковски – Дрекслер: Силна поддршка од Германија за борба против криминалот, како и за владеење на правото и креирање силна и професионална полиција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/08-1_2.jpg)
Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев остварија работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер.
Министерот Тошковски се заблагодари за досегашната соработка и искрена поддршка од страна на Сојузна Република Германија, која треба да продолжи и во иднина со надеж што поскоро да станеме дел од европското семејство. Министерот ги презентираше главните цели кои ќе бидат во фокус во наредниот период, како борбата против организираниот криминал и корупција не само декларативно туку вистински, реконструирање и функционална систематизација и дигитализација на процесите, се вели во соопштението на МВР.
Амбасадорката Дрекслер упати честитки до министерот Тошковски и директорот Јанев и ја потенцираше досегашната соработка, посебно во делот за Центарот за обука на МВР и опремата која е донирана на министерството.
Директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР Александар Јанев ги објасни реформите кои се планираат во делот на полициското и криминалистичко работење и уште еднаш ја потенцираше одличната соработка со германската полиција во делот на размена на информации, особено во борбата со транснационалниот организиран криминал.
На средбата беше потенцирано дека директната соработка и пријателските односи ќе продолжат и ќе се интензивираат во следниот период, со цел засилување на борбата против криминалот, како и за владеењето на правото и зголемување на безбедноста на сите граѓани, соопшти МВР.