Македонија
Без струја делови од Гази Баба, Аеродром и Карпош
Без струја денеска ќе останат делови од општините Гази Баба, Аеродром, Карпош и Чучер Сандево.
Од ЕВН Македонија АД добиено е известување дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 06.05.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 06:00 до 15:00 часот населба Економија, дел од Сингелиќ, објектите на главен пат за Арачиново.(општините Гази Баба и Арачиново)
– во периодот од 09:00 до 11:00 часот, Булевар Асном околина на ОУ Лазо Ангелевски, Февруарски поход -Ново Лисиче ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот,Населба Лисиче дел од ул.1623,кон бул.Србија. ( општина Аеродром );
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот,дел од корисниците на ул.Јуриј Гагарин.( општина Карпош );
– во периодот од 09:00 до 18:00 часот, корисниците од Г.Оризари,Каменолом Гранит во село Бразда.( општина Чучер Сандево );
– во периодот од 09:00 до 14:30 часот,Булевар Асном до ЕВН КЕЦ Аеродром и околина ( општина Аеродром ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

