Македонија
Без струја повеќе населби во Скопје
Од „ЕВН Македонија“ АД преку соопштение до медиумите ја информираат јавноста дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат делови од општина Центар, Кисела Вода, Аеродром, Петровец, Сарај, Карпош и Гази Баба.
Во периодот од 8.30 до 10.30 часот, како што стои во соопштението, без струја ќе бидат корисниците од улиците Капиштец, Питу Гули, како и дел од улицата Димитар Пандилов во општина Центар. Од „ЕВН Македонија“ во соопштението додаваат дека електрична енергија ќе немаат ниту корисниците од улицата Руди Чаевац, поточно бараките на улицата Новопроектирана во општина Аеродром, и тоа во периодот од 8.30 до 11.30 часот, како и корисниците: „Тинекс“ и „Макпетрол“ во населбата Чојлија во општина Петровец во период од 8.30 до 15 часот.
Понатаму, додаваат од „ЕВН Македонија“, во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат и дел од корисниците од улицата 10 во селото Јурумлери во општина Гази Баба, а во периодот од 8.30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата: Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка, како и музејот „Матка“, ресторанот „Кањон Матка“ и фирмите: „Адриус“, „Бис оил“ и „Виа комерц“, сите во општина Сарај.
Во Кисела Вода без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата 1513 во населбата Пинтија во периодот од 8.30 до 10.30 часот, како и корисниците од улицата Јанко Мишиќ во населбата Драчево во период од 9 до 13 часот.
Во општина Карпош без струја, како што информираат од „ЕВН Македонија“, во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од улицата Будимпештанска, од број 11 а до бројот 27 б, а во периодот од 12 до 13 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од булеварот „8 Септември“, број 21 и број 23, и дел од Момин Поток.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична против поранешен директор, заменик директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „проневера во службата“
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.
З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.
Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Сопиште и Бутел
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 07:30 до 15:00 часот, корисниците на блокот на згради од булеварот Партизански Одреди бр.17 кон улица Максим Горки, општина Центар.
· во периодот од 07:45 до 15:30 часот, корисниците на селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст с.Јаболци Викендици Држилово, Сателитски Центар, Ново Брезница, Рудпроект, Јаболци, Патишка Река, општина Сопиште.
· во периодот од 08:30 до 10:30 часот, корисниците на улицата Тале Христов, Поликлиника ВФВ и Објектите околу ВРВ Поликлиник, општина Бутел.
· во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Елисие Поповски – Марко бр.21,47 и други корисници во непосредна близина, општина Центар.
Македонија
Делови од Центар и Аеродром денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата Франклин Рузвелт бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, односно потегот од Орце Николов до Благој Давков, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– поради промена на вентил во шахта ф-2“ на улицата Венијамин Мачуковски бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

