Македонија
Без струја дел од општините Сопиште, Кисела Вода, Чучер Сандево и Аеродром
Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат неколку општини во Скопје.
Во соопштението се наведува дека во периодот од 8 до 10 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата 29 во општина Сопиште.
Во општина Кисела Вода, како што информираат од ЕВН, струја ќе немаат дел од корисниците од улиците Виктор Ивановиќ – Григоровиќ, Кочанска и Полог во период од 8.30 до 11 часот. Во Кисела Вода струја ќе немаат ниту корисниците од улиците Драга Стојанова и Дренак и тоа во период од 8.30 до 11.30 часот.
Во соопштението на ЕВН се наведува дека во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улицата Призренска 2 (местото наречено Куќине, Горни и Долни Ливади, Чешма и Џајкова Рупа), во општина Чучер Сандево.
А без струја во периодот од 10 до 15 часот ќе останат и корисниците од улиците Михаил Глинка од бр. 1 до бр. 9 – непарни броеви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

