Македонија
Без струја денеска дел од Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул.Осло (општина Карпош)
– во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул.Петар Драганов и Софиска (општина Карпош)
– во периодот од 12.30 до 14.30 часот, дел од корисниците на ул.Бањалучка спроти бр.20 и ул.Будимпештанска бр.35Б (општина Карпош)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре ден на жалост и во БиХ поради трагедијата во Македонија

Владата на Босна и Херцеговина на денешната итна седница донесе одлука со која 18 март 2025 година го прогласи за Ден на жалост во Федерацијата Босна и Херцеговина поради трагедијата во Северна Македонија.
Оваа одлука е донесена за да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март 2025 година во градот Кочани, Северна Македонија, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар.
Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.
На Денот на жалост не може да се одржуваат културно-забавни програми на јавни места во Федерацијата БиХ, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и прилагодат својата програмска содржина на Денот на жалоста.
Македонија
Книга на жалост во следните шест дена ќе биде отворена во Собранието

Собранието од 18 март во 10 часот ќе отвори Книга на жалост за загинатите во огромната несреќа во Кочани.
Книгата на жалост е отворена за сите граѓани во следните 6 дена, секој ден во периодот од 10 до 19 часот.
Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост може да влезат во Собранието преку страничниот влез – од страната на АРМ.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица. Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.
Македонија
Парична помош од општина Куманово за семејствата на настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани

Денеска се одржа Вонредна седница на Совет на општина Куманово со една точка на дневен ред – “Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожарот во дискотеката во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година”.
По едноминутно молчење, во знак на почит кон настраданите во дискотека во Кочани, едногласно беше усвоена Предлог – Одлуката за доделување на парична помош од буџетот на Општината, во износ од 2 милиони денари, од кои 1 милион денари за семејствата на загинатите и 1 милион денари за повредените во немилиот настан во Кочани