Македонија
Без струја неколку скопски општини
Од ЕВН Македонија АД информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Сарај, Студеничани, Чучер Сандево, Кисела Вода и Аеродром.
Па така од 9 до 15 часот струја ќе нема на влезот во селото Радуша (општина Сарај);
– од 9:30 до 14:30 часот дел од селото Бојане (општина Сарај);
– од 9 до 13 часот селото Студеничани
– од 10:30 до 12:30 часот селата Горњани, Бањани, дел од с. Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест (општина Чучер Сандево);
– од 12:30 до 14:30 часот селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од селото Мирковци (општина Чучер Сандево);
– од 12 до 15 часот улиците Јабланица и Саса (општина Кисела Вода);
– од 8 до 11:30 часот дел од улиците Ваташа, Жарко Зрењанин и Славка Димовска (општина Кисела Вода);
– од 8:30 до 14:30 часот улицата Ѓорѓи Капчев – улица 2 и околните улици (општина Аеродром);
– од 9 до 15 часот караула Радуша и селата Орашје и Дворце (општина Сарај) и
– од 9 до 15 часот улиците 1, 4 и 6 во селото Батинци (општина Студеничани).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Висока делегација на МВР на средба со амбасадорот на ОАЕ
Денеска висока делегација на Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, во име на министерот Панче Тошковски оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетите Арапски Емирати со седиште во Рим, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси кој во периодот од 24 и 25 ноември е во официјална посета на нашата земја.
„На средбата беше потврдено дека билатералните односи и соработка меѓу Македонија и ОАЕ се со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање со голем потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, која особено се интензивираше со склучување на меморандумите за разбирање за борба против тероризам и за меѓусебно признавање и размена на возачки дозволи“, соопшти МВР.
Ставревски ја истакна и се заблагодари за поддршката и посветеноста на Владата на Обединетите Арапски Емирати, а особено на Министерството за внатрешни работи на оваа пријателска земја на развојот на капацитетите на Министерството во борбата против организираниот криминал и екстремизмот, изразувајќи увереност дека истата ќе продолжи со несмален интензитет и во иднина.
Меѓу другото, на средбата беше истакнато дека акцентот на билатералните односи меѓу двете држави е ставен на унапредување на економската соработка, особено, на привлекување арапски инвестиции во нашата земја.
Македонија
(Видео) Кузмановска: Нов удар врз младите, ДПМНЕ ги намалува парите за студентски стандард за 7,3 милиони евра во Буџетот
Во буџетот за 2026 година, Владата на ДПМНЕ ги намалува парите за студентскиот стандард за огромни 7,3 милиони евра, истакна на прес-конференција Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.
Ова, вели таа, значи помалку пари за стипендии, помалку пари за студентски оброци, за студентските домови.
„Уште поголем удар врз секој млад човек кој се обидува да се образува и развива во својата земја. Во најголемиот буџет во историјата власта нема пари за студентите! Наместо да вложуваат во младите, Владата на Мицкоски им ги крати парите, им ги одзема можностите. Како намерно да сака да ги избрка од државата“.
Не може, додава Кузмановска, да има пари за манго, папаја и гоштевање на владините функцонери а да нема за младите.
Студентите, подвлекува таа, не се бројка во табела, тие се иднината на државата.
„А со вакви погрешни политики иселувањето на младите не само што ќе продолжи туку ќе се засили.
СДММ бара власта веднаш да се откаже од овие катастрофлани политики и да го зголеми буџетот за студетски стандард. Младите заслужуваат подобро, заслужуваат повеќе“.
Македонија
Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува
Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци по утврдени низа неправилности околу настапот, вели дека во моментот на случувањата тој воопшто не знаел дека такво нешто се случува. Вели дека законите се јасни и најави дека многу строго и внимателно ќе го следи однесувањето на ваквиот тип естрадни уметници и нивните менаџери.
„Јас и не знаев дека тоа се случило, да бидам искрен. Ми се јавија луѓето од Кабинетот да ме информираат, пред неколку дена мислам тоа беше. Претпоставувам дека некој таму сака да создаде естрада која таму е присутна, да ја пренесе овде. Мислам дека не треба многу внимание да му се посветува на ова. Јасни се законите, јасни се правилата, секој мора да ги почитува и многу строго и внимателно ќе ги следиме однесувањата на ваков тип на естрадни уметници и нивни менаџери“, кажа премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините,
Српскиот пејач Аца Лукас беше приведен во петокот вечерта во заедничка акција на неколку институции кои открија низа неправилности и пропусти околу организацијата и реализацијата на настанот. МВР соопшти дека Лукас настапувал без потреба дозвола за работа, се работело без издавање фискални сметки, не се почитувал законот за забрана на пушење, а констатирано беше и дека во локалот има многу повеќе гости отколку што е дозволено.
Менаџерот на Лукас и многумина негови истомисленици обвинија дека државниот врв е вмешан во приведувањето и побара премиерот и актуелната Влада да се извинат.

