Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Карпош, Арачиново, Илинден, Кисела Вода, Гази Баба и Центар.
· од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Панче Пешев бр. 1, 3, 5, 7, 9 (општина Карпош);
· од 9 до 11 часот корисниците од село Арачиново, ул. 10, ул. 6, и ул. 1 (опшина Арачиново ), дел од улицата Методија Андонов – Ченто (општина Гази Баба ) и дел од населбата Илинден, „ЈЦС шпед“ (општина Илинден);
· од 9 до 14 часот корисниците од улицата Скупи 5 А (општина Карпош);
· од 10 до 14 часот корисниците од дел од улиците: Иван Козаров, Доситеј Обрадовиќ, Боте Боцевски, ул. 368, ул. 553, Виктор Иго, Марко Цепенков, улицата Емил Зола и дел од улицата Киро Крстевски (општина Кисела Вода);
· од 9 до 13 часот корисниците од село Брњарци (општина Гази Баба);
· од 9 до 15 часот корисниците од улицата Коле Неделковски бр. 9, 11, 12, 13, 14, 14а, 16, булеварот Илинден број 57, 59, 61, 63, 65, 67, 68, 70, улицата 8 Март бр. 8, 8а, 10, 11, 13,18, 20, улицата Орце Николов бр. 87, 89, 91, 98, 104, 106 (општина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез од Македонија е околу 30 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски – вечниот политичар без дела, со вечна желба за фотелја, реагира затоа што не беше дел од јахта забавата на Филипче и Заев

„Андреј Жерновски, познат по своите политички прескокнувања и вечна желба да биде „прв во партијата“, повторно се јавува како гласноговорник на СДС, очигледно туркајќи ја агендата за сопствена промоција и позиционирање за иден лидер на партијата“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека го анализира ВМРО-ДПМНЕ и измислува анкети по нарачка на партиската кујна на Бихаќка, Жерновски молчи за вистинските скандали кои ја потресоа неговата партија – за јахтите на Заев и Филипче, за апетитите на нивниот олигархиски круг, за милионските тендери и провизии, за клиентелизмот кој ја потопи СДС.
Тој е дел од тажната група вечни политичари кои живеат удобен и комотен живот, а никој не може да се сети на ниту едно нивно конкретно дело или резултат. Политичка неконзистентност и лична амбиција тоа е неговиот единствен „капитал“.
Наместо да држи лекции за економија и политика, нека објасни како тој и неговите ментори ја доведоа Македонија до економски колапс, до историски одлив на млади луѓе и до ниво на корупција невидено во модерната историја.
Жерновски е симбол на политичари кои мислат само на својата фотелја, а секој негов напад врз ВМРО-ДПМНЕ е ништо повеќе од обид да се прикаже релевантен пред партиската база на СДС, во надеж дека еден ден ќе ја заземе лидерската позиција“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Жерновски.
Македонија
СДСМ: Рамковниот договор е важен документ за мирот, соживотот и градењето заедничка иднина

„Рамковниот договор е важен документ кој стави крај на конфликтот од 2001 година, воспостави мир и отвори поглавје на соживот во градењето заедничка иднина“, велат од СДСМ.
„Освен зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет, како и унитарниот карактер на државата, суштината на Рамковниот договор е издигнувањето над поделбите, меѓусебно помирување и отворање на вратите за заеднички напредок и еднакви можности на сите граѓани.
Сите политички чинители во земјава треба своите напори да ги вложат во политики коишто ги сплотуваат граѓаните, да работат заеднички за едно современо, демократско и интегрирано општество за сите“, соопшти СДСМ.