Македонија
Бектеши: ЕУ е економско чудо што не дозволува 10 или 20 луѓе да ја држат државата во заложништво
Нашата држава е дел од европскиот континент, но ние имаме друго минато и имаме други економски системи.
Тоа можеме да го смениме само со економското чудо наречено Европска унија, кажа министерот за екиномија Крешник Бектеши на првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”.
“ЕУ е економско чудо што не дозволува 10 или 20 луѓе да ја држат државата во заложништво.Ние како држава мора да работиме за младите, за нашите идни генерации да бидат успешни” кажа министерот и сподели пример.
“Од осамостојувањето до сега можеме да наброиме 10-15 бизнисмени кои се најголеми во овсс држава. Затоа ние како држава треба да работиме младите нивната иднина да не ја гледаат во администрација, туку да работат да станат конкурентни на пазарот и да сакаат да работат во приватниот сектор. Да сакаат да им конкурираат на овие олигарси. Нашите млади сакаат да одат да работат во странство затоа што таму можат да работат, да носат иновации и да им конкурираат на еврооските и светските мултимилионски компании. Затоа нашата иднина е Европската унија, тоа е иднината на нашите млади. Младите ја сакаат Еврооската унија, а ние сме тука тоа да им го исполниме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

