Македонија
Беса: МНР да испрати протестна нота до Русија поради провокациите на Шчербак

Провокативните изјави на рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербаг, се уште еден доказ дека руската дипломатија користи заканувачка реторика кон сите држави што се ориентирани кон НАТО и Европската Унија, смета движењето Беса.
„Беса ја осудува деструктивната и заканувачка реторика и итно бара од Министерството за надворешни работи да испрати протестна нота до Русија и да бара одговорност од рускиот амбасадор“, се вели во соопштението од кабинетот на Биљал Касами.
Во исто време, се додава во соопштението, апелираме до Владата без губење на време да ги забрза процесите кои час поскоро ќе ја интегрираат Македонија во НАТО за да се осигура безбедноста на државата од веќе непријателските проруските кругови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.