Македонија
Бесплатни онлајн пилатес-тренинзи за бремени жени
Д-р Слободан Дракулевски, специјалист по гинекологија и акушерство, и професионален тим на инструктори, од денес зпочнуваат со бесплатни совети и онлајн пилатес-тренинзи со цел да им овозможат на сите бремени жени во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 да продолжат со физички активности, кои се препорачуваат за полесно породување, како и закрепнување на телото по бременоста.
„Целта на овој проект е да им помогнеме на бремените жени полесно да ги пребродат телесните промени со кои се соочуваат и да останат активни во текот на целата бременост, а и по неа. Сепак, препорачувам консултација со акушер пред да се почне со тренинзи бидејќи секоја бременост не е иста и не дозволува ист интензитет на активности“, изјави д-р Слободан Дракулевски.
Научно е докажано дека активностите, како што е пилатесот, значително ги олеснуваат бременоста и породувањето. „Подготвивме ефикасни тренинзи приспособени за оваа состојба, со фокус на зацврстување на мускулите на грбот и стомакот, кои го носат најголемиот дел од товарот во бременоста. Со вежбањето пилатес за време на бременоста не само што ќе го подобрите своето здравје и ќе се подготвите на вистински начин за породувањето туку истовремено се грижите за правилниот развој на вашето дете, кое сѐ уште расте во вас“, додаде д-р Дракулевски.
Тренинзите ќе се објавуваат двапати неделно на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

