Македонија
Бејли се сретна со градоначалникот на Чаир

Предводникот на американската дипломатија во земјата Џес Бејли денеска ја посети Општина Чаир, каде оствари средба со градоначалникот Висар Ганиу.
Од прес-службата на општината соопштија дека Ганиу го известил Бејли за актуелната состојба на Чаир, ангажираноста и конкретните чекори кои ги презема новото нејзино раководство со цел на поефикасен начин да бидат во служба на граѓаните. Тој истотака му се заблагодарил на американскиот амбасабор за неговата посветеност и подготвеност за да ги слушне предизвициите на еден градоначалник во раководењето со општините, како и за силната поддршка и помош која секогаш ја дава за успешно справување со секојдневните предизвици на локалната самоуправа.
Бејли, во рамки на средбата, го охрабрил Галиу во патот кон исполнување на мисијата за навремено и квалитетно исполнување на институционалните обврски. Тој ветил безрезервна и поголема поддршка во процесот на изградба на едно сеопфатно општество кое на ист начин ќе ги третира сите нејзини граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.