Македонија
Битиќи: Имаме цврсти основи за уште поголем развој на туризмот
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, одржа работен состанок со директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска, а на кој присуствуваа и Ана Ѓорѓиевска, член на советот на Агенцијата, Аркан Керим, претседател на советот на Агенцијата, и Роберт Блажевски од ХОТАМ.
На состанокот стана збор за трендовите на развој на туризмот во земјата за што беше истакнато дека зборуваат и последните податоци од Државниот завод за статистика, според кои минатата 2023 година имаме раст на бројот на туристи за 20,6 % во однос на 2022 година. Заеднички беше оценето дека овој тренд позитивно се одразува на целокупната економија, но и дека постојат сè уште неискористени потенцијали за негов дополнителен развој.
„Северна Македонија во делот на туризмот има многу што да понуди, од природни убавини до културни различности, сè тоа претставува цврста основа за негов понатамошен позитивен развој. Приходите што се остваруваат преку оваа дејност не само што директно им користат на бизнисите во туристичкиот сектор туку го стимулира и растот на други индустрии, како што се земјоделството, малопродажбата и градежништвото“, рече на средбата вицепремиерот Битиќи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.