Македонија
Битола најави акција за чистење на дивите депонии
На 28 септември ЈП „Комуналец“ ќе биде носител на акцијата за чистење на дивите депонии во Битола, во која со своја машинерија ќе учествуваат и јавните претпријатија „Водовод“ и „Нискоградба“, а во акцијата е предвидено да учествуваат и претставници на невладиниот сектор и локалното население.
Големата акција беше најавена токму од неодамна исчистената обиколница над Битола, која со децении претставуваше опасност за минувачите на магистралниот пат Прилеп – Ресен, истовремено создавајќи и лоша слика за градот Битола.
„Првпат овој дел го исчистивме во февруари 2018 година, а тоа го направивме и ова лето кога беа отстранети над 2.000 кубни метри ѓубре. За таа цел беа вклучени јавни претпријатија, приватни фирми, граѓани, а сега се одржува со помош на ЈП ‘Комуналец’, кое вработи лице задолжено само за чистење на овој дел. И при тоа чистење, но и претходно кажав, дека никогаш не може да се исчисти толку колку што другите може да извалкаат. Во меѓувреме на низа локации во градот беа санирани депонии што постоеле со години. Им благодарам на граѓаните, на сите иницијативи, политички субјекти, кои изминатиов период се вклучија во вакви активности и кои дадоа придонес за поубава и почиста Битола. Во таа насока и треба да се движиме“, истакна градоначалничката Наташа Петровска, која се осврна и на вандализмот во училиштето „Св. Климент Охридски“.
„Сè она што го изработија вредните детски рачиња на фасадите со обезбедените бои од Општина Битола, едноставно беше уништено за една ноќ. Но, за еден ден, исто така со ентузијасти, младинци и со обезбедени бои од Општината, го саниравме училиштето и се надевам дека ќе остане така како што го оставивме, како убава слика за сите нас“, посочи Петровска.
Директорот на ЈП „Комуналец“ упати апел до граѓаните, здруженијата и кој било вид организирани групи да се вклучат во најавените акции за чистење в сабота, 28 септември.
„Ќе се чисти на локалцијата Тепсија на Баирот, во населбите Боримечка и Буковски Ливади, во атарот на средношколскиот интернат, во новиот пазар кон Техничкото училиште. Граѓаните може слободно да се вклучат, а на локациите ќе има претставници од ЈП ‘Комуналец’, сè со цел сите заедно да постигнеме повеќе и подобро. Ќе ни се придружат и колегите од другите јавни претпријатија, ‘Водовод’ и ‘Нискоградба’, со нивната механизација за расчистување на дивата депонија кај клучката за селото Ротино. Ние и натаму, по барање на нашите сограѓани, ќе продолжиме да интервенираме на другите депонии“, рече директорот Богоевски.
Акцијата за чистење ќе почне во 8 часот на веќе наведените локации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

