Македонија
Битолскиот универзитетот „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник
Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола, државниот и патрон празник го одбележа со онлајн свечeната седница на Сенатот и Управата на УКЛО.
На онлајн свеченоста министерката за образование Мила Царовска го поздрави годинешното заедничкото празнување на Свети Климент Охридски од страна на Битолскиот и Софискиот Универзитет, кои според министерката Царовска заеднички ја споделуваат гордоста носејќи го името на патронот Св .Климент Охридски.
„Битолскиот и Софискиот Универзитет покрај академската мисија заеднички го споделуваат и името на книжевникот, епископ, учител, големиот Свети Климент Охридски. Двата универзитети оваа година заеднички го празнуваат патрониот празник и тоа претставува добар знак за нас и нашите два Универзитети бидејќи е во духот на европските вредност за партнерство, поврзување низ нов академски дискурст. Тежиштето го ставаме на квалитетна академска соработка со фокус на размена на студенти, кадри, знаења, споделување на искуства, вештини односно обезбедување на цврста поврзаност на Универзитетите во Битола и Софија, но и на нашите две академски заедници“, истакна во своето онлајн обраќање министерката Царовска.
Поздравната реч по повод Патрониот празник на универзитетите во Битола и Софија одржаа ректорите Сашо Коруновски и Анастас Герджиков, а во рамки на празничниот настан беа промовирани и најдобро дипломираните студенти на УКЛО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

