Македонија
Блок: Исходот од референдумот и постигнувањето резултати во домашните реформи се исклучително важни за приближување кон ЕУ и НАТО
Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Стеф Блок, кој престојуваше во возвратна посета на нашата земја, информираат од МНР по средбата и додаваат дека ова е четврта билатерална средба на министери за надворешни работи за период од 15 месеци, што претставува потврда за зголемениот интензитет на политичкиот дијалог меѓу двете земји.

На средбата беа разменети мислења за најновиот развој на внатрешнополитичките состојби во Македонија, реформската ЕУ и НАТО-агенда, регионалната соработка, како и за подготвителните активности поврзани со референдумот на 30 септември.

Димитров изрази благодарност за континуираната билатерална помош и поддршка од Холандија за реформа на јавната администрација и приближување кон европското законодавство, а во насока на реализација на стратешките приоритети на нашата земја. Континуираната поддршка од Холандија, земја која е витална и просперитетна европска демократија, за Македонија е од исклучително значење – истакна министерот Димитров.

Холандски министер Блок го поздрави постигнатиот напредок во текот на изминатата година во делот на реформската агенда за приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО, посебно акцентирајќи го значењето од постигнатиот договор со Грција. Министерот Блок истакна дека исходот од претстојниот референдум и постигнувањето видливи резултати во домашните реформи се исклучително важни за непречено приближување на Република Македонија кон Европската Унија и ефектуирање на поканата за членство во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“
„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго време, денес стана реалност. Селотејп коалицијата наречена НАИ е најголемата политичка измама во последните години. Последователните заминувања и внатрешниот хаос јасно покажуваат дека овој проект не е изграден за Албанците, туку за лични амбиции спакувани со ПР трикот на „референдумот“ за фрлање пепел во очите на Албанците“, велат од „Влен“.
„НАИ не функционираше ниту еден ден како сериозна опозиција. Денес се распаѓа во очите на јавноста, камен по камен, бројка по бројка. Заминувањето на Мендух Тачи, заминувањето на Арјанит Хоџа, Кренар Љога и напуштањето на Зијадин Села се само симптоми на структура изградена врз интересите на поединците, а не врз интересите на граѓаните.
ВЛЕН не се радува кога другите се уништуваат, но е јасно дека опозицијата што се распаѓа на парчиња му штети на политичкиот систем и ги остава граѓаните без алтернатива. Албанците заслужуваат сериозност, а не неуспешни експерименти со селотејп“, соопштуваат од „Влен“.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Михаил и Ефтихиј и Георги Димитров. (општина Кисела Вода)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со силен ветер и појава на грмежи. Во недела поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во понеделник и вторник ќе има стабилизирање на времето, а утринската температура значително ќе опадне.

