Македонија
Богдановиќ домаќин на градоначалникот на сараевската општина Центар

Делегација од сараевската општина Центар, предводена од градоначалникот Неџад Ајнаџиќ, е во официјална тридневна посета на скопската општина Центар, а домаќин е градоначалникот Саша Богдановиќ.
Посетата на Ајнаџиќ е прва од ваков тип по потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете општини минатата година во март кога Богдановиќ го посети Сараево.
„За време на престојот двајцата градоначалници ќе остварат неколку формални средби, на кои е предвидено да се разгледаат можностите за продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете општини, размена на искуства и реализација на проекти од заеднички интерес“, информираат општинските власти.
Областите на соработка за кои ќе разговараат двајцата градоначалници се во насока на регионален економски развој преку зајакнување на локалните самоуправи и меѓуопштинска соработка, соработка во образованието преку размена на најдобри практики и размена на ученици и наставнички кадар, како и зголемено регионално користење на ЕУ-фондовите.
Во рамките на посетата предвидено е и разгледување на новото основно училиште во населбата Капиштец, прошетка низ центарот на Скопје и Старата скопска чаршија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.